среда, март 11, 2026
Почетна ОгласиПрактикант во HR -Македонски Телеком АД

Практикант во HR -Македонски Телеком АД

by 24HR

Доколку те интересира областа на човечки ресурси и сакаш одблиску да видиш како функционираат HR процесите во една голема компанија – ова е вистинската можност за тебе!

Ќе имаш можност да работиш со податоци, интерни системи и да стекнеш практични знаења кои ќе ти помогнат во градењето на твојата кариера.

Стани дел од нашиот тимот и започни ја својата HR приказна со нас!

Што ќе правиш?

  • Помош при ажурирање на базата на податоци за вработените (лични податоци, датум на вработување, промени на позиции и сл.)
  • Поддршка при внес на податоци и евиденција на сите кадровски промени за вработените
  • Следење на процесот на раздолжување на вработените во системот
  • Одржување на евиденција во картичниот систем за вработените
  • Подготовка на потврди за вработени
  • Помош при евиденција на присуство, годишен одмор и други видови отсуства
  • Комуникација со вработени за административни прашања
  • Соработка со различни тимови во рамки на HR активностите

Кого бараме?

  • Студент/ка од областа на човечки ресурси, правни науки или сродна област
  • Организираност, внимание кон детали и одговорност
  • Добри компјутерски вештини (MS Office – Word, Excel, PowerPoint)
  • Развиени комуникациски и тимски способности
  • Дискретност и професионалност при работа со доверливи информации
  • Познавање на англиски јазик

Што добиваш?

  • Практично искуство во областа на HR
  • Работа во динамична и професионална средина
  • Менторство и поддршка од искусен HR тим
  • Развивање на организациски и административни вештини

Започни ја својата кариера таму каде што талентот се препознава и развива – аплицирај сега 👉 https://www.linkedin.com/jobs/view/4384164234/ 

Огласот ќе биде отворен до 18.03.2026.

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Related Posts

Leave a Comment