На 20 и 21 мај, Скопје ќе биде домаќин на интернационалната конференција Firestarter 2026, еден од најзначајните настани посветени на Customer Experience (CX) и Employee Experience (EX) – области кои денес играат клучна улога во конкурентноста, иновативноста и одржливиот раст на организациите.
Во време кога компаниите не се натпреваруваат само со производи и услуги, туку и со искуството што го создаваат за своите клиенти и вработени, CX и EX стануваат централни стратегии на современото лидерство. Firestarter 2026 ќе донесе во Скопје меѓународни експерти, бизнис лидери и практичари кои ќе споделат стратегии, искуства и реални примери за градење организации ориентирани кон луѓето.
Темите на конференцијата се поврзуваат околу идејата дека успешните организации денес се градат преку управување со Customer Experience (CX) и Employee Experience (EX), кои еволуираат кон поширокиот концепт на Experience Management (XM). Фокусот е на човеко-центрично лидерство, комуникација и култура што создава доверба, ангажираност и подобро искуство и за вработените и за клиентите.

Преку лидерски приказни, панел-дискусии и практични примери, конференцијата покажува како овие принципи се претвораат во стратегија и конкретни алатки за организациска трансформација.
Меѓународни експерти и регионални лидери на една сцена
Меѓу говорниците се Иан Голдинг, глобален експерт за корисничко искуство (CX) и сертифициран професионалец за Customer Experience (CCXP), како и Антони Лачинаи, меѓународен говорник, експерт за комуникација на работното место и автор.
Од корпоративниот сектор ќе учествуваат Мојца Домитер, потпретседателка за човечки ресурси и култура на ниво на групација, во Atlantic Grupa, и Пеџа Јовановиќ, извршен директор на Atria Group Белград и тренер за лидерство.
Меѓународна перспектива ќе донесат и д-р Натија Џибладзе, акредитиран CX експерт (CXAC) и член на MIT GLEEN, како и Нана Ахобадзе, сертифициран CX експерт (CXAC), лидер за култура на услуги и ко-основач на CX Hub, кои се на менаџерски позиции за CXM Systems во TBC Bank, Грузија.
Од регионалната бизнис сцена ќе се приклучат Полексена Јанкуловска, раководител за искуство на клиентите и маркетинг во Бимилк, и Андреја Кодрин, директор на Quintaum од Словенија.
Конференцијата ќе ја отвори Христина Велковска, претседателка на MACEX и извршен директор на Вита Институт.
Програмата вклучува и панел-дискусии со извршни директори и претставници на стопанските комори, посветени на улогата на CX и EX во бизнис стратегијата и организациската трансформација.


Ексклузивни masterclass сесии со светски експерти
Покрај конференциската програма, Firestarter 2026 носи и ексклузивни masterclass сесии со Иан Голдинг и Антони Лачинаи. Овие интерактивни работилници се наменети за професионалци од sales, marketing, customer care и HR, кои сакаат да преминат од инспирација кон практична имплементација на CX и EX стратегии.
Концептот на настанот е јасен: првиот ден носи инспирација и стратегија, додека вториот ден нуди практични алатки и методологии за реална примена во организациите.
Во тек е рана регистрација за настанот, а учесниците можат да изберат присуство на конференцијата или комбинирано учество со masterclass сесиите.
АГЕНДА НА НАСТАНОТ: https://macex.mk/agenda-2-2-2/
Регистрација на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdBvCcGGS4YerQqEi3UDA6KUHsSDfXnZwdR49kgRlbP6ppVpw/viewform