На 25 мај во хотел Александар Палас, Скопје ќе биде домаќин на Втората Меѓународна Коучинг Конференција “THE HEARTBEAT OF COACHING” – искуствен настан за личен, професионален и организациски развој.
Програмата се состои од 4 интерактивни сесии и 8 паралелни искуствени работилници (учесниците избираат 4 врз основа на улогата, потребите и интересите), кои ќе поттикнат промени во начинот на размислување, комуницирање, водење луѓе и процеси, воспоставување релации со себе-лично и во рамки на организацијата.
ЕДНИ ОД НАЈДОБРИТЕ И ВРВНИ ЕКСПЕРТИ И КОУЧИ СО ИНТЕРНАЦИОНАЛНО ДОЛГОГОДИШНО ИСКУСТВО ЌЕ ГО ВОДАТ ИНТЕРАКТИВНИОТ И ИСКУСТВЕН ПРОЦЕС НА КОУЧИНГОТ:
Четирите интерактивни сесии ќе ги водат: Георги Громов, сертифициран коуч, добитник на награда „ТОП-3 извршни коучи”, автор и диригент на оркестар; Сотирис Карагијанис, директор, универзитетски предавач, коуч, тренер и консултант; Д-р Лулзим Адили, извршен лидер и креатор на PRIMAL™ FRAMEWORK, основач на CPR™ for Teams и MANTOLEA™ (Manager to Leader) и коуч; и Ваутер Гејзен, системски коуч и основач на ,,Systemic Rebels”.
Додека пак, работилниците ќе ги водат: Анета Коробкина, трансформациски коуч, автор и меѓународен говорник; Јанис Атанасопулос, мастер НЛП корпоративен тренер и EMCC сениор коуч; Сузан Пазит Гева, генерален директор на „Golden Consulting“; Илче Ендековски, CIPD Level 5, ASQ GSSGB, CBOP, главен инструктор-корпоративен тренер, ментор, коуч; Александра Касми, ко-сопственик и генерален директор на ,,Future Group Albania”, сертифициран мастер коуч и сениор тренер; Николина Николовска, магистер по арт-терапија и човечки ресурси, енергетски терапевт и духовен тренер и НЛП мастер практичар; Претставници на А1 Македонија, НЛП практичар и системски коучи; и Ида Протугер, психолог, системски бизнис коуч (ECA сертифицирана) и консултант за лидерство и комуникација.
СПЕЦИЈАЛНИ ГОСТИ:
Маја Вукомановиќ и Предраг Филиповиќ ќе им овозможат на присутните да искусат саморегулација во реално време преку HRV биофидбек и визуелизација на AuraCloud. Искуството покажува колку брзо може да се промени внатрешната состојба и како тоа директно влијае на размислувањето, комуникацијата и перформансите.


ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЌЕ НАЈДЕТЕ ВО АГЕНДАТА НА НАСТАНОТ
Темите вклучуваат бизнис и лидерски коучинг, НЛП, системски коучинг и констелации и истите придонесуваат за:
Компаниите поквалитетно да донесуваат одлуки во услови на неизвесност и притисок; поефикасна комуникација помеѓу вработените, различни оддели, во тимовите, со клиенти и сите засегнати страни; ефикасно управување со луѓе и ресурси; препознавање скриени обрасци на однесување што влијаат на перформансите и резултатите; пристапи и алатки веднаш применливи; развој на свесни лидери и менаџери кои во сложени околности, можат да пристапат со поголема јасност, фокусираност итн.

Професионалците да стекнат подлабоко разбирање на тоа што го поттикнува личното и организациско однесување; алатки за донесување појасни, посигурни одлуки во сложени ситуации; по свесно лидерство и ефективна комуникација; поврзување со автентичноста, емоционалната јасност и поттикнување внатрешна усогласеност; интеграција на личната свест во професионален контекст итн.
На 21 мај, искуствениот, системско-холистички коучинг пристап ќе поттикне повисока свесност, јасност и трансформација.
“THE HEARTBEAT OF COACHING” конференцијата НЕ е само за коучи. Иако и на коучот му е потребен коуч. Настанот е наменет за сите кои водат луѓе и процеси: менаџери за човечки ресурси, лидери, тимови, тренери, консултанти, директори, проектни менаџери, но и за професионалци од приватен, јавен и граѓански сектор, како и секој што сака да инвестира во личен и професионален развој.

АГЕНДА НА НАСТАНОТ: https://coachingconference.mk/wp-content/uploads/2026/03/COACHING-CONFERENCE-AGENDA-21-MAY-FINAL_compressed.pdf
Начини на учество: Индивидуални и компаниски пакети на карти. Исто така, подготвена е одлична можност да се поддржи конференцијата, а воедно да и да се инвестира во развојот на вработените/тимот. Повеќе информации за начинот на покровителство и поддршка на “THE HEARTBEAT OF COACHING” може да се побара на: info@coachingconference.mk
Во тек е рана регистрација за настанот на следниот линк:https://coachingconference.mk/