Кугларски клуб „Макпетрол” испиша нова златна страница во својата историја. Скопската екипа освои двојна круна оваа сезона во домашните натпреварувања, односно шампионска титула во лигата, како и Купот на Македонија. Со овој успех, тимот 25 пат е првак на земјава и 14 пат се закитува со националниот куп, со што уште еднаш е потврдена доминацијата на сите фронтови.
Титулата во лигата е освоена со перфектен учинок (12 победи во 12 натпревари), што ја нагласува стабилноста и одржливиот квалитет на екипата во текот на целата сезона. Резултатите ја истакнуваат силата на тимот и континуитетот што „Макпетрол” го гради со години во македонското куглање.
Во финалето на Купот, одиграно во саботата, „Макпетрол” го совлада КК „Вардар 2014″ со 6-2, со вкупен резултат 3325-3240, заокружувајќи ја сезоната со уште еден трофеј. Со новата двојна титула, клубот повторно ја потврди својата лидерска позиција и статусот на најтрофеен и најуспешен кугларски колектив во домашни рамки.
Кугларите на „Макпетрол” ја освоија 25 титула на шампионатот на Македонија
20