Резервирајте место на Академијата за EMPLOYER BRANDING на ВИТА Институт

од 24HR

Откријте ги тајните за привлекување и задржување на талентирани вработени со академијата за Employer Branding на ВИТА Институт!

По успешната прва група на академијата за Employer Branding, ВИТА Институт го објави повикот за пријавување на втората група учесници кои ќе ја следат академијата која започнува на 15 февруари 2021 година.

Академијата за Employer Branding на ВИТА Институт е наменета за извршни директори и HR професионалци кои сакаат да навлезат подлабоко во тематиката Employer Branding и да научат како да развијат своја стратегија за Employer Branding и да создадат автентична, уникатна и привлечна работна средина – што е целта на секоја компанија која се стреми да се стекне со титулата „Најпосакуван работодавач“.

Учесниците на академијата ќе имаат можност да соработуваат со врвни HR експерти од ИКТ секторот и искусни коучеви од ВИТА Институт од кои ќе добијат практично знаење и менторство во процесот на воведување, креирање и имплементирање на HR политики и процеси кои го подобруваат брендот на компанијата како работодавач.

Едукативната програма на академијата се состои од 6 модули:

  • Employer Branding со инклузивен HR
  • Важноста на Employer Branding-от за процесот на регрутација
  • Управување со перформансите (коучинг култура)
  • Задржување на клучните таленти
  • Најдобри практики за управување со вработените кои работат од дома
  • Лидерство во процесот на Employer Branding

Дополнително, поддршката која ја добиваат учесниците вклучува дво-месечен циклус на менторирање и коучинг со што експертите ќе им помогнат новите знаења да ги примените во сопствените компании и да ги поврзат со својата уникатна стратегија за Employer Branding.

Искуства на учесници на Академијата

Искуство на учесник од првата група на Академијата за EMPLOYER BRANDING на ВИТА Институт
Искуство на учесник од првата група на Академијата за EMPLOYER BRANDING на ВИТА Институт

Информации за пријавување

За регистрација до 15 јануари добивате 10% Early Bird попуст.

Крајниот рок за пријавување е 31 јануари.

Повеќете информации за Академијата за Employer Branding на ВИТА Институт можете да пронајдете на линкот или на контакт телефон +389 76 202 250.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...