Менаџментот и современите практики – 7ми стручен симпозиум на БАС

од 24HR

Темата на симпозиумот е „Успешни практики во време на пандемија и идни менаџерски предизвици“.

Бизнис академија Смилевски-БАС по седми пат го организира стручниот симпозиум Менаџментот и современите практики. Оваа година тематскиот фокус на симпозиумот е Успешни практики во време на пандемија и идни менаџерски предизвици.

Поради актуелната ситуација сo Covid-19 симпозимуот ќе биде целосно онлајн преку платформата Zoom. Настанот ќе се одржи на 7. мај 2021 со почеток во 10ч.

Подетални информации за симпозиумот, тематските секции, котизациите и начинот на пријавување можете да добиете на: http://simpozium.bas.edu.mk

Како дел од симпозиумот по четврти пат ќе се одржи и панел дискусијата МЕНАЏЕРСКИ МУАБЕТИ 4. Говорници на дискусијата ќе бидат:

  1. Владимир Трпаноски, комерцијален директор, Витаминка
  2. Маја Станковска-Костова, генерален директор, Кроациа осигурување живот
  3. Бобан Козаров, менаџер за деловен развој, Сара Фешн
  4. Божидар Ивановски, директор за продажба и маркетинг, Горска вода

Говорниците се искусни професионалци, со повеќегодишно менаџерско искуство и од прва рака ќе ги споделат своите искуства, размислувања и ставови со присутните.

Присуството на Менаџерски муабети 4 е БЕСПЛАТНО. Бројот на учесници е ограничен, а принципот на пријавување е прв пријавен-прв услужен.

Пријавувањето на МЕНАЏЕРСКИ МУАБЕТИ 4 како и Симпозиумот можете да го направите на: http://simpozium.bas.edu.mk/registration

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...