Дојдете по нова работа: Започнаа „Деновите на отворени врати“ во Телеперформанс Скопје

од 24HR

Искористете ја шансата и добијте одлично платена работа и бонус за добредојде од 200 евра во Телеперформанс Скопје – најголемата глобална компанија за кориснички услуги.

Од денес па сè до четврток вратите на глобалната компанија Телеперформанс се широко отворени за секој што добро го владе германскиот јазик и е во потрага по одлична работа во срцето на Скопје.

„Деновите на отворени врати“ кои се одржуваат на 27 и 28 април во просториите на Телеперформанс се одлична шанса за кандидати кои сакаат да дознаат повеќе за можностите за работа како Агент за корисничка поддршка во најголемата компанија за кориснички услуги во светот.

Сè што ви треба е германски јазик!

На настанот кој ќе трае од 09:00 до 18:00 часот, освен што ќе имате шанса да се запознаете со претставници од Телеперформанс и да ги презентирате своите вештини, ќе можете да добиете и директна понуда за вработување со почетна нето плата од 600 евра.

Дополнително, ако се вработите на „Деновите на отворени врати“ ви следува и бонус за добредојде од 200 евра.

Можност за работа од дома

За кандидатите од другите градови Телеперформанс Скопје на 29 април организира виртуели „Денови на отворени врати“ каде ќе бидат презентирани можностите за работа од дома.

Ова се очекува да бидат најголемите и најмасовните „Денови на отворени врати“ на кои ќе бидат пополнети најголем број на работни места.

Затоа, не чекајте и дојдеде на деновите „Деновите на отворени врати“ во Телеперформанс кои се одржуваат во просториите на компанијата во близина на ТЦ Зебра (точна локација: https://bit.ly/3ecQrd6) и зграпчете работно место по светски стандарди!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...