Човечките ресурси на иднината – промена која е начин на работење на компаниите

од 24HR

Започна тридневната конференција Skills4future во организација на УНДП, како дел од проектот „Премостување на јазот кај вештините за создавање нови и подобри работи места“. 

Последните две години беа исполнети со промени, бидејќи организациите ширум светот се обидуваа да реагираат на глобалната пандемија на Ковид-19 што ги погоди компаниите, големи и мали, во секоја индустрија.

Ако овој период нè научи нешто, тоа е дека компаниите што не се трансформираат ќе останат зад оние што го прават тоа. Стратегијата за дигитална трансформација во новиот свет што го живееме се држи до новата технолошка револуција, но, уште поважно, се протега надвор од неа за да се справи со прашањата насочени кон луѓето. Сепак, примената на новите технологии не е она што ја прави функцијата дигитална. Се работи и за усогласување на културата, практикување на таленти, нови вештини и профили, структури и процеси за да се балансираат можностите за ефикасност и иновации, а сето тоа е фокусирано на обезбедување на способност да се обезбеди јасно, одржливо, мерливо влијание врз организацијата додека таа постојано се трансформира.

Како стратегиите и практиките за менаџирање со луѓе може да им помогнат на организациите да пливаат, наместо да потонат во неизвесната дигитална иднина, односно како да се менаџираат трите сегменти- промената на луѓето, начините на работа и културата беа дел од предизвиците за кои се говореше на панелот посветен на човечките ресурси и дигитализацијата во рамки на тридневната конференција Skills4futureWeek.

Андријана Богдановска Ѓуровиќ, истражувачка и директорка на Центарот за управување со знаење, говореше за значењето на циркуларниот HR (човечки ресурси).

– Одржливиот модел за управување со човечки ресурси беше еден голем Ерзамус плус проект и со задоволство учествуваме како партнер. Се имплементираше 2 години и целта беше да се преземат принципите на циркуларната економија и истите наместо на физички ресурси, да се применат на човечки. Заедно со 9 партнери направивме едно големо истражување во кое беа вкулени 40 менаџери за човечки ресурси на едни од најголемите компании во Европа.

Преку собирањето на тие податоци успеавме да го адаптираме традиционалниот модел на управување со човечките ресурси каде се зема човечкиот капитал од пазарот на трудот го вклучувате во работата, но потоа си заминува, во кружен.

Богдановска Ѓуровиќ објасни дека во циркуларниот има исти практики за управување со човечките ресурси, но се менува парадигмата на тоа како тие во процесот се употребуваат. Целта е овој циркуларен модел да ги направи компаниите способни за промени, да ги апсорбираат, но и да ги водат.

– Денеска претпријатијата не функционираат во систем во кој промената носи пореметување, тоа не е веќе така, промената е новото стауст кво, нов начин на работењето е промената. И целта не е само да пливате, туку и да го водите маратонот.

Овие компании своите вработени ги обучуваат со нови компетенции кои ќе одговорат на овие предизвици.
– На пример, ако некое работно место згаснува поради некакви промени во компанијата, вие го преориентирате работникот со помош на обуки, менторство на ново работно место – објасни Богдановска Ѓуровиќ.

Ангелина Танева-Вешоска, истражувач и директорка на Институтот за истражување за животна средина, градежништво и енергетика, објасни што е организација која учи и како од  традиционална компанија преминале во  компанија што учи.

– Овој процес не завршува тука, тој е континуиран, постојано трае. Самиот модел е изграден врз основа на еден научен истражувачки проект кој го работиме со ИЕГЕ и Градежниот институт ГИМ. Ова е градежна компанија која е сонована во 1975 година и е компанија која поминала различни процеси во нејзиниот животен циклус. Сега доаѓа во еден период кога треба или да се промени или да научи да плива , во спротивно ќе потоне. Каде ќе оди компанијата понатаму, врз основа на ова прашање се направи новата стратегија за човечки ресурси и стратегијата за знаење – рече таа.

Танева-Вешоска објасни дека организациите кои учат, првенствено како квалитет го имаат системското и стратегиското размислување.

–  Она што е важно за секоја компанија е да преживее, да биде добра на пазарот, да е продуктивна, да има своја конкурентна предност со нешто, да понуди уникатни производи и услуги. Но, за да се подобрува, сето тоа е поврзано со ресурсите кои ги има и како тие ресурси со холистилки пристап ќе бидат претопени и претворени во капитал – рече Танева-Вешоска.

Знаењето кое е применливо треба да биде главен акцент на секоја компанија, при развој на компаниските центри за учење, иновација и развој кои може да се основаат во самата фирма или во соработка со некоја Академија за обуки.

Ивица Песовски, технички директор во една од најбрзорастечките компании кај нас, кои нудат обуки, „Брејнстер“, објасни кои се најбараните вештини на денешницата.

– Како едни од најпопуларни академии се оние од сферата на ИТ. Она што е важно да се спомене е што ниту една обука не ја земаме здраво за готово, го следиме фидбекот од страна на студентите на неделно ниво, го следиме фидбекот од нашите инструктори, ги следиме активно потребите на пазарот и ги адаптираме програмите. Како што може и да се види на нашата веб страница постојано внесуваме нови модули, исфрламе некои. Неформалното образование ни дава  можности брзо да реагираме на потребите на пазарот. Тоа ќе биде голем предизвик да го преточиме во формалнпото образование, т. е. со колеџот со кој почнуваме од септември – рече Песовски.

Објасни дека до оваа есен главно нуделе академии на кои се изучуваат технички вештини, како програмирање, наука за податоци, графички дизајн, маргетинг, но сега нудат и други вештини кои и веќе се класифицираат како дигитални како Академија за човечки ресурси и Академија за проектен и продукт менаџмент.

– Интересот е голем за сите, и луѓето веќе почнаа да се вработуваат, или да напредуваат после само неколку месеци – рече Песовски.

На панелот имаше и видео-обраќање на двајца истражувачи и дата научници од Универзитетот во Оксфорд,  Фабијан Бреземан и Фабијан Стефани во кое објаснија како дигиталната трансформација, но и како конкретно податоците од разни платформи може да влијаат и да се искористат во насоки на подобрување на пазарот на труд.

Тридневната конференција Skills4futureWeek во организација на УНДП која започна во средата, е во рамки на проектот „Премостување на јазот кај вештините за создавање нови и подобри работи места“.




0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...