Со А1 Флекси поставивме нови стандарди во креирање на начинот на работење кои направија “challenge” на стандардното работно време од 9-до-5, Понеделник-до-Петок, – вели Јовица Свилар, дел од тимот за човечки ресурси на А1 Македонија, креатор на А1 Флекси практиката и победник на овогодинешните HR награди организирани од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси.
Мислењето на нашите вработени е секогаш појдовна точка за отпочнување процес на промена и внесување на новитети во работењето на нашата компанијата. Во нашата култура негуваме отворен дијалог со вработените кои секогаш искрено и слободно ги адресираат нивните потреби. Потребата за подобар баланс, флексибилност во работните навики, чувство на слобода и автономност, култура заснована на водечки принципи на А1 (Тим, Доверба, Агилност) – оттука започна потрагата по пронаоѓање на нови модерни и флексибилни решенија подобрувајќи многу аспекти од приватниот и професионалниот живот на нашите колеги.
Поставивме нови стандарди во креирање на начинот на работење кои направија “challenge” на стандардното работно време од 9-до-5, Понеделник-до-Петок, – вели Јовица Свилар, дел од тимот за човечки ресурси на А1 Македонија, креатор на А1 Флекси практиката и победник на овогодинешните HR награди организирани од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси.
Како агилна компанија, со „А1 Флекси” ги урнавме границите на традиционалното работно време и место на работа и им понудивме на нашите вработени флексибилен начин на работа создаден за подобар баланс на приватното време и времето поминато на работа. Особено сме горди на фактот што исто така поттикнавме позитивни промени во нивото на доверба, флексибилност и креирање на нови лидерски стилови за уште повеќе да ги охрабриме промените кон отварање на нови идни видици и искуства за нашите вработени.
Нашите вработени точно знаат што се очекува од нив при користење на овој флексибилен модел на работење и се перцепираат себеси како исклучително продуктивни. Успеавме да забрзаме и совладаме различни начини на комуникација а нивото на свесност и одговорност кај колегите е на исклучително високо ниво – вели Јовица за 24HR.
Вработените се тие кои им даваат живот на нашите практики, а со одличната поддршка која ја добиваме од страна на нашиот менаџмент тим, несомнено е дека во блиска иднина не очекуваат уште многу новитети и унапредување на процесите.
Совет од Јовица за успешно имплементирање на флексибилен модел на работење: тимска работа и доверба! 🙂
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.