Започна 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси

од 24HR

Македонската асоцијација за човечки ресурси денес ја отвори својата 12-та Меѓународна конференција за човечки ресурси и HR Expo насловена како “Future-fit organisations: Proactive HR”.

12-тата Меѓународна коференција за човечки ресурси која годинава за првпат доаѓа во виртуелен амбиент ќе трае два дена и ќе биде домаќин на истакнати говорници, професори и практичари со напредни размислувања од странство, како што се: Велика Британија, Словенија, Грција, Италија, Ерменија, Бугарија, Србија, Хрватска, Шпанија, Португалија, Турција, Македонија и други.

Тие ќе ги споделат своите лични искуства во областа на управувањето и менаџментот со човечки ресурси и своето специјализирано знаење, иновативни идеи, практични и докажани решенија, како и препораки што менаџерите и професионалците можат да ги имплементираат во нивните организации.

Конференцијата, оваа година, ќе биде отворена со воведни обраќања од страна на Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, г-дин Фатмир Битиќи; Претседателот на Светската федерација на организации за менаџмент со луѓе (WFPMA), г-дин Боб Мортон и домаќинот, Претседателот на Македонската асоцијација за човечки ресурси, г-дин Дарко Петровски.

Програмата на конференцијата е извонредно богата и вклучува повеќе од 20 говорници, луѓе од професијата и искусни менаџери, HR практичари, HR консултанти и претставници од јавниот сектор кои ќе го споделат своето знаење и искуство со луѓето од македонската HR заедница.

Паралелно со конференцијата се одржува и HR EXPO каде компаниите на своите виртуелни штандови ќе имаат можност да ги претстават своите HR продукти и услуги, а годинава МАЧР како организатор понуди и можност за „бесплатно учење“ преку образовни работилници од страна на излагачите.

Меѓународната конференција за човечки ресурси е најголемото HR случување во Македонија кое традиционално секоја година го организира Македонската асоцијација за човечки ресурси.


24HR
главен медиумски покровител на
12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси
mhraconference.mk

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...