А1 Македонија оваа година слави шест години од воведувањето на брендот во земјата – шест години исполнети со иновации, нови решенија и дигитални искуства. Но, зад секоја технологија и секоја услуга стојат луѓето – вработените кои со својата посветеност, креативност и енергија ја прават компанијата посебна.
„Нашите вработени се двигателот на А1. Тие ја носат енергијата што нè инспирира да создаваме решенија и да бидеме чекор пред времето,“ велат од компанијата.
По повод шестгодишнината од А1 Македонија, вработените ја споделија својата енергија и ентузијазам, со пораки како „Среќен роденден, А1!“, покажувајќи ја заедничката посветеност и тимскиот дух. Ова ја рефлектира културата што А1 ја гради од основањето – компанија каде луѓето се во центарот, а соработката и меѓусебната поддршка се дел од секојдневието.
Со јасна мисија да создава дигитална иднина, А1 Македонија останува фокусирана на иновации, но и на тоа да биде работно место кое расте заедно со своите луѓе.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.