Колумна на Коста Глигориевски-правен и HR консултант во Глигориевски ДОО
Во последно време сè почесто зборувам со колегите од Човечки ресурси за нешто што ни е толку познато, а сепак премногу често останува занемарено — балансот помеѓу работата и приватниот живот.
Оваа тема се провлекува насекаде — во излезни интервјуа, анкети за задоволство на вработените, па дури и за време на обични паузи. Но, некако, сè уште не добива континуирано внимание какво што заслужува.
Што навистина значи баланс помеѓу работата и приватнит живот?
„Флексибилно работно време“ и „работа од дома“ звучат одлично. Но, дали е тоа доволно?
Ако луѓето и понатаму работат до доцна, прескокнуваат паузи или чувствуваат вина затоа што се исклучуваат од системот — тоа е прегорување што тивко демне.во најава (што би рекол другар ми Јамб во најава).
Балансот не е само збор, тоа е култура.
Кратко и јасно, вистинскиот баланс значи:
✅ Почитување на личното време
✅ Реални и одржливи работни цели
✅ Менаџери кои водат со личен пример
✅ Нема пораки и е-мејлови по работното време
✅ Слобода да се исклучиш — без чувство на вина
✅ Охрабрување да се користи годишниот одмор, без притисок и одлагање
✅ Јасни граници помеѓу “итно” и “важно”
Зошто е овој баланс толку важен?
Кога го нема:
⚠️- Продуктивноста опаѓа
⚠️- Ангажираноста исчезнува
⚠️- Прегорувањето расте
⚠️- Процентот на вработени кои остануваат во компанијата опаѓа
Луѓето заминуваат. Талентот се губи.
Толку е едноставно.
И трошокот не е само финансиски — се губи довербата, моралот, а со време и репутацијата на компанијата.
Кога нема вистински баланс:
🔁 Флуктуацијата и отсуствата растат
🔁 Ретенцијата паѓа
🔁 Се отвораат нови, скапи процеси на вработување
🔁 Менаџерите стануваат фрустрирани бидејќи постојано обучуваат нови луѓе, наместо да ги развиваат постоечките тимови
Ова не е само HR проблем. Ова е бизнис проблем.
Балансот не е „луксуз“.
Здравиот баланс е неопходен за секоја компанија која сака да ги задржи своите најдобри луѓе среќни, здрави и максимално ефикасни.
Време е да престанеме да се лажеме дека пица во петок, сладолед во среда или крофни во понеделник се доволни за да изградат вистинска култура на благосостојба. Тие се убави гестови, но се далеку од решение.
Да го смениме фокусот од маргинални иницијативи кон вистински структурни промени.
Да изградиме култура што навистина го вреднува балансот помеѓу работата и приватниот живот.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.