Burnout синдром / професионално согорување на работното место – како да го препознаете!?

од 24HR

Burnout или професионално согорување е состојба на целосен ментален и физички замор на работното место.

Tерминот професионално согорување или burnout за првпат е употребено од страна на психоаналитичарот Herbert Frаudenberger како синдром кој најчесто ги погодува лугето кои работат професии со висока социјална и етичка одговорност.

Burnоut синдромот настанува поради пролонгиран стрес на работното место. Претставува микс на повеќе емоции како чувство на емоционална исцрпеност, презаситеност но и беспомошност и неефикасност на работнто место.

Како настанува burnout :

Прекумерни барања за работа. Премногу работа или погрешен вид на работа. Вработените можеби немаат соодветни вештини за извршување на задачите или може да бидат преморени.

Ограничени ресурси за работа може да значат премалку време, материјали или поддршка од колегите.

На пример проект менаџерот може да има повеќе проекти кои треба да ги заврши, или лекарот во еден ден може да има 30 пациенти на кои треба да им се посвети.

Burnout може да биде резултат на хроничен стрес (на работно место) со кој индивидуата не знае да се справи. Се карактеризира со исцрпеност и деперсонализација (негативизам / цинизам). Она што вработениот го смета за  предизвикувачко во работата на почетокот, со тек на време, може да му стане непријатно, неисполнувачки и безначајно поради вложување на повеќе енергија отколку што поседува. Кога професионалното согорување „доаѓа на сцена“ енергијата ce претвора во исцрпеност, посветеноста ce претвора во цинизам, ефикасноста во неефикасност, односно сите три димензии на работниот ангажман ce трансформираат во свои спротивности, што всушност ни ги дава карактеристиките на burnout синдромот на работното место

Симптомите кои се карактеристични за индивидуите кои страдаат од синдромот на професионално согорување обично се мултидимензионални и можат да се групираат во 5 категории: физички (стегање или болка во градите – чувство на гушење, главоболка, несоница, замор и др.), емоционални (промени во расположението, чувство на лутина ,депресивност, анксиозност, намалена самодоверба и др.), бихејвиорални (намалена работна способност, неадекватно планирање на времето, повлекување од семејството и пријателите, губење интерес за работата, често отсуство од работа / боледувања), интерперсонални и според ставовите и гледиштата кои индивидуата ги поседува (песимистички пристап кон нештата). Синдромот на професионално согорување се поврзува со лошото физичко здравје, депресија, непродуктивно работење, проблематични меѓучовечки односи и негативни ставови, особено во поглед на задоволството од работата. Исто така, развојот на зависности (како на пример алкохол, лекови) се поврзани со согорувањето.

Кај кои вработени се развива burnout синдромот ?

Професионално согорување или burnout може да се развие кај секој вработен кој што секојдневно се соочува со стресни ситуации на работното место и има ограничени ресурси за справување со стресот и со работните обврски. Во минатото се сметало дека професионалното согорување се појавува само одредени хуманистички професии кои инволвираат високи нивоа на меѓучовечки контакт како лекари, социјални работници и слично но денес сѐ почесто може да се сретне во обасти како продажба, ИТ и менаџмент.

Burnout синдромот или исцрпеност од работа, претставува професионален, но и општествен предизвик кој на долг рок може драстично да влијае врз продуктивноста на компанијата и може да  доведе до криза и дисконтинуитет во бизнис напредокот. Согорувањето се појавува тогаш кога вработениот воопшто нема мотивација за извршување на работните задачи. Доколу и вие ги имате наведените симптоми на синдромот на професионално согорување можеби е време да размислите како да менаџирате со стресот, да наоѓате креативни начини да ги решавате проблемите на работа или можеби да побарате работа во која повеке ќе се пронаоѓате себеси!

За авторот:

Елена Милеска е специјалист за човечки ресурси во IT компанијата X3m Labs. По вокација е дипломиран психолог на Филозовски факултет Скопје, а позади себе има околу 3 години работно искуство во човечки ресурси.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...