За да напредуваме и да водиме исполнет живот, верувам дека треба да ја негуваме најважната врска во нашиот живот – онаа што ја имаме со самите себе!
Август полека заминува… и на бавниот ритам на летното живеење полека му доаѓа крај.
Ајде да почнеме…
Ми се јави да побара итна сесија. Ѝ ја почувствував фрустрацијата во гласот „Ова е трет пат во последниве десет дена да сум во иста ситуација! Невозможно е да се работи вака! Тие кријат клучни информации!“
Таа вечер, навлеговме подлабоко во предизвикот со кој се соочуваше: Каква е точно „ситуацијата“ во која се наоѓа? Кои се „тие“? Кои информации, конкретно, ги кријат? Клучни информации за што и за кого? Како го прават тоа? Како тоа влијае на неа? Дали е ова намерна саботажа? Што друго би можела да биде нивната намера? – како коуч, поставувам внимателно избрани прашања за да ги излупам слоевите на површинските изјави и да ги откријам длабоките вистини закопани во приказната на клиентот.
Во својата улога во една глобална организација, таа е дел од тим составен од различни националности, култури, идентитети и скриени агенди. Не ѝ е секогаш лесно, особено затоа што тимот е поделен и таа „мора да мисли на незамисливото и секогаш да биде чекор понапред“. Дополнително, не е единствената што се чувствува така – и други колеги кои се надвор од „внатрешниот круг“ го доживуваат истото. Откривме дека „тие“, дел од нејзините колеги, можеби намерно задржуваат информации – но, таа одлучува да верува дека тоа не е намерно и го гледа повеќе како апатија: „Едноставно не им е гајле!“. Сепак, тоа ѝ влијае! Губи драгоцени часови и ресурси барајќи информации, се чувствува како аутсајдер бидејќи не е повикана на состаноци кои се директно поврзани со нејзината одговорност (за кои дознава дури неколку дена подоцна); се чувствува понижено во ситуациите кога изгледа неинформирана или наивна пред колегите од другите оддели и влегува во состојба на паника како што открива слој по слој проблеми скриени под тепих. Нормално е што нејзината доверба и сигурност во тимот опаѓаат, додека пак фрустрацијата расте.
Откако го ослободи товарот и ми ги кажа деталите, ја прашав: „Кое е твоето прашање?“
За момент потона во мислите, и потоа ми рече: „Дали да зборувам отворено за ова на следниот состанок со тимот? Како да го нагласам проблемот без да создадам стрес кај нив? Како да се заштитам и сепак да ја кажам вистината? Дали има смисла да зборувам за ова, дали воопшто ќе се промени нешто? Дали треба да барам нова работа?“
Ова се прашања за способност, интегритет, транспарентност, дозвола, безбедност – но она што го чувствувам во позадината е: страв. Страв од кажување на вистината! Премногу често, во вакви моменти, луѓето избираат молк. За да одржат „мир во куќа“, за да избегнат конфронтација, затоа што е побезбедно, за да не бидат ранливи или затоа што веруваат дека „сѐ е џабе“ и нивните постапки нема да направат разлика.

Пред да продолжиме, две најави:
- Ако сакаш да бидеш од оние кои се одлични комуникатори, кои секогаш го изразуваат своето мислење со самодоверба и одлучност, кои влијаат без да прават притисок и го добиваат тоа што го сакаат со користење „само“ на зборови – тогаш:

Приклучи се на отворената обука за Извонредна Комуникација во Скопје овој октомври. Тоа всушност е првиот модул од обуката за НЛП Практичар, па ако ти се допадне тоа што ќе го искусиш, секогаш можеш да продолжиш со остатокот од обуката и да се надградиш. Запознај ме, научи брзи НЛП техники и почувствувај го мојот стил на работа на 26 септември од 18:30ч, Онлајн. Регистрирај се овде или испрати ми порака. Ќе бидам среќна да се запознаеме и да оцениме дали можеме да работиме заедно – јас можам да кажам не, и ти можеш да кажеш не. Важно е да имаме избор!
- И, те канам да ми се придружиш на следната групна коучинг сесија The Self Expedition Cafѐ. Ова ќе биде отворена сесија каде ќе одговарам на прашања кои ќе ги донесат учесниците – па, имаш ли прашање? Поготви се, земи си кафе/чај/ручек и ќе поминеме еден час заедно. Регистрирај се овде, учествотo е бесплатно.

Продолжуваме,
Која е цената?
Овој разговор ме заинтригира, па почнав да копам подлабоко. Се испостави дека темава стекнала значителна популарност од средината на 2020-тите и има многу достапни истражувања.
Кога се формираат т.н. „информациски силоси“, каде податоците и знаењето се изолирани во одредени луѓе, тимови или оддели, значително го попречуваат перформансот на организацијата како целина. Тоа значи намалена соработка, продуктивност и иновација, а трошокот за организациите е доста голем, иако може да остане невидлив!
Моето истражување покажа дека има два типа на задржување на информации:
- Криење (hiding): „намерно сокривање на информации или знаење што е релевантно за друг, но не е побарано.“
- Задржување (hoarding): „обид на индивидуа да задржи или сокрие информации/знаење што е побарано од некој друг.“
Еве некои статистики извлечени од различни студии на темата:
- Една студија од 2021 година за криење на знаење во организациите открила дека „околу 50% од вработените имаат намера да задржат, погрешно да претстават или да сокријат знаење што е побарано од друга личност.“ (ова е шокантно за мене!)
- Извештајот на Panopto за трошокот кога не се споделуваат информации и знаења открил дека 81% од вработените се чувствуваат фрустрирани кога „не можат да пристапат до информациите што им се потребни за да ја вршат својата работа.“
- Организациите со 1.000 вработени или помалку пријавиле приближно 2,7 милиони долари годишни загуби во продуктивноста поради недоволно споделување на знаење меѓу вработените и тимовите.
- Вработените губат до 30% од нивната работна ефикасност барајќи изолирани информации, трошејќи до 12 часа неделно. Ова го фрагментира фокусот и ја попречува продуктивноста на тимот, бидејќи критичните информации не се лесно достапни.
- Скоро 3 од 4 бизнис лидери (72%) се согласуваат: „Мојот тим имaше потешкотии да комуницира ефективно во последната година“.

Овие бројки истакнуваат како задржувањето на информации не само што ги исцрпува финансиските ресурси, туку и го еродира моралот на тимот, поттикнува менталитет „ние против нив“ и го ограничува когнитивниот диверзитет – и со тоа ги задушува иновацијата и напредокот.
Ајде да навлеземе подлабоко во проблематиката,
Што предизвикува задржување на информации во организациите?
Задржувањето на информации не е исто како едноставно заборавање да се сподели. Тоа е свесен избор – избегнување, одбивање или претварање дека нешто не се знае. Луѓето го прават тоа од многу причини, и тоа може да ги чини компаниите милијарди во изгубена продуктивност, додека ги оштетува довербата, соработката и моралот.
Еве ги главните двигатели на ова однесување:
- Двигатели на индивидуално ниво:
- Психолошка сопственост и територијалност: Некои луѓе ги гледаат знаењето и информациите како лична сопственост. Сокривањето им дава впечаток на контрола или конкурентска предност. Овој менталитет кој вели „знаењето е моќ“се интензивира кога знаењето е сложено или тешко стекнато, бидејќи индивидуите се плашат дека ако го споделат, може да ја изгубат својата уникатна вредност.
- Идентитет и мотиви: Конкурентните, несигурни или самофокусирани индивидуи може да сокриваат информации за да се заштитат или да напредуваат. Понекогаш тоа е од освета, а ретко е за да ги заштитат другите.
- Несигурност во работата или цинизам: Стравот од отпуштања или разочарување во компанијата ги прави луѓето да се стават себеси и својот интерес пред тимската работа, па ќе направат сè за да се „заштитат“.
- Двигатели на ниво на односи:
- Недостаток на доверба и лоши релации: Ако вработените не им веруваат на колегите или лидерите, можеби поради неправеден третман или минати предавства, тие се посклони да сокриваат информации. Конфликти, завист и ривалство ја влошуваат ситуацијата.
- Конфликт во улогите и меѓузависност на задачите: Кога работите се преклопуваат или бараат интензивна соработка, луѓето може да сокриваат информации за да постават граници или да избегнат да бидат искористени.
- Социјални норми и конформизам: Во некои групи, таинственоста е норма. Ако споделувањето изгледа ризично, луѓето ќе го следат водството на групата и ќе се однесуваат исто како и останатите.
- Двигатели на организациско ниво:
- Лошо лидерство и ниска поддршка: Ниска перцепирана организациска поддршка или токсично лидерство (на пр., авторитативни стилови) поттикнуват сокривање, бидејќи вработените се чувствуваат невреднувани или небезбедни да споделуваат. Некои велат: „мора да имаш очи и на грбот – никогаш не знаеш од која страна ќе дојде ножот“.
- Конкурентна култура и лоши системи: Наградување на индивидуални перформанси над соработка; непотизам, фаворизирање само на неколку „избрани“, или работа во изолирани тимови – сето тоа поттикнува сокривање.
- Несигурност и кризи: Кога организацијата е под стрес – нејасни улоги, оскудни ресурси – луѓето се заштитуваат со задржување.
Овие двигатели се меѓусебно поврзани. На пример, индивидуалниот цинизам често потекнува од организациска недоверба. Недовербата меѓу колегите често потекнува од лошо лидерство кое толерира неправеден третман. Истражувањата покажуваат дека иако сокривањето може да изгледа рационално на краткорочно ниво, тоа штети на долгорочните исходи како креативноста и задржувањето на вработените.
Силните вештини за комуникација е еден од најефективните противотрови. Јасна, транспарентна и емпатична комуникација гради доверба, ги разбива силосите и поттикнува споделување на знаењето. Кога лидерите и тимовите комуницираат отворено, тие не само што споделуваат важни информации – тие создаваат средина каде соработката се чувствува безбедна, и каде протокот на идеи поттикнува иновација и подобрени перформанси.

Сега, време е за рефлексија:
5 прашања што можеш да си ги поставиш за да провериш дали, и зошто можеби задржуваш информации:
- Дали некогаш си бил/а во ситуација каде свесно си задржал/а информации/знаење од некој? Или, некој ти го направил тоа тебе? Можеби си во таква ситуација сега? Кои емоции се појавуваат кога размислуваш за овие искуства? (на пр., страв, недоверба, конкурентност, рамнодушност)
- Дали веруваше дека споделувањето на ова знаење може да ја оштети твојата позиција, влијание или перцепирана вредност?
- Дали задржуваш поради конкретна личност или динамика на односот, или тоа е повеќе поради организациската култура?
- Како задржувањето на оваа информација може да влијае врз довербата, перформансите и способноста за успех на твојот тим?
- Кога би имал/а целосна доверба во колегите и лидерите, дали би ја споделил/а оваа информација без двоумење?
Истражувај и се надевам дека оваа свесност ќе те инспирира да станеш поотворен/а и потранспарентн/а во твојата комуникација. А, ако не знаеш како, добредојден/а си да се приклучиш на моите отворени обуки или да побараш обука за твојата компанија.
**********
Љубопитна сум, кога ти би бил/а на местото на мојот клиент, што би направил/а? Сподели во коментарите! Ајде да нормализираме отворени и искрени разговори!

Да завршиме,
Мојата порака за август е:
Научи комуникација, тоа е есенцијална вештина за успешен живот.
Оригиналната статија е објавена англиски јазик на LinkedIn
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.