HR професионалците треба да прават разлика помеѓу оглас за работа и опис на работно место.
Описот на работното место не е оглас за работа и огласот за работа не е опис на работно место. Наједноставниот начин да се артикулира разликата е во тоа што огласите за работа продаваат, а описот на работното место опишува.
Описите на работните места имаат тенденција да бидат формални документи кои создржат детална листа на работните задачи на вработениот, додека целта на огласот за работа е да ги привлече кандидатите да аплицираат за тоа работно место.
Втората клучна разлика помеѓу овие две категории е во тоа што описот на работното место треба да се користи внатре во компанијата, а огласот за работа е наменет за вашата кариерна страница, огласите за работа, социјалните мрежи и сл. Така на пример, на вашата кариерна страница секогаш може да вклучите линк кој ќе води до целосен опис на работното место за кандидатите кои сакаат да дознаат повеќе.
Од друга страна, огласот за работа е одличен начин да ја пренесете културата на вашата компанија. Културата станува сè поважен фактор кога вработувате висококвалификувани кандидати во конкурентен пазар на труд.
Да, за да напишете оглас за работа ќе ви треба многу повеќе време и труд бидејќи ако се потпирате само на описот на работното место може да добивате апликации од луѓе кои не се соодветни за работното место и вашата компанија.
Зошто е важно да ја знаеме разликата?
Во реалноста, не постои начин да се спречи ова. Многу компании користат долги листи со услови и квалификации со надеж дека за работа ќе аплицираат само соодветни луѓе кои ги исполнуваат бараните критериуми. Но сепак, ова нема да спречи апликации од луѓе кои се без тие вештини и компетенции бидејќи повеќето кандидати аплицираат на оглас со надеж дека можеби ќе имате некоја друга позиција за нив.
Меѓутоа, тоа што може да спречи одлични кандидати да аплицираат е ако наведете голем број услови, а тие не исполнуваат само еден или два од нив кои не го одредуваат успехот на кандидатит на работното место.
Како да продадеме работно место?
Што треба да содржи еден оглас за да продаде одредено работно место? Две работи: структура и оптимизација. Со ова на ум, огласот за работа може да ги привлече вистинските кандидати и потоа да ги убеди дека вашата компанија е вистинското место за нивната натамошна кариера.
Тоа може да го направите само со јасна структура и оптимизација на содржината со соодветни клучни зборови кои се релевантни за позицијата. Бројни експерти препорачуваат називот на работното место да се спомене четири до пет пати во содржината на огласот за да обезбедите поголема видливост на интернет пребарувачите. Ова можеби ви изгледа како процес кој ќе ви одзема многу време, но откако ќе направите еден образец, истиот може да го користите и за другите отворени позиции.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.