Ден за кариерен развој

од 24HR

Со големо задоволство ви го најавуваме целодневниот настан „Ден за кариерен развој“ во оргaнизација на УКИМ и THRIVITY!

На 07.06.2022 со почеток од 10:00 до 18:00 часот на платото на УКИМ, повеќе од 25 компании ќе имаат можност да ви ги презентираат своите можности за вработување и практикантство за време и по завршувањето на студиите.

Настанот ќе биде интерактивен, организиравме панел дискусии и кратки мотивациски обраќања со цел да ве инспирираат, насочат и да ви помогнат во вашиот иден кариерен развој.

Дополнително имаме штандови за подготовка на професионално CV организирано од THRIVITY, можност за непосреден разговор и кариерно насочување од Асоцијацијата на кариерни советници, директна комуникација со релевантни претставници на компаниите учесници, како и, зона за забава и освежување (организирана од Coca Cola).

За време на настанот за добрата атмосфера ќе се погрижат диџеите Game Over, Lephonq и Jan Ko Nen.

Агенда на настанот

09:30 – Пристигнување на компаниите и нивно сместување

10:00 – Пристигнување на студенти и други поканети гости

10:30 – Отворање на настанот и кратко претставување на агендата на главна бина

• Обраќање на ректор, Проф. д-р Никола Јанкуловски
• Обраќање на раководителот на Центарот за кариера на УКИМ, Проф. д-р Јасмина Тониќ Рибарска
• Обраќање на претставник од THRIVITY, Поликарп Арсеновски

11:00 – Заедничка обиколка на организаторите и говорниците на сите штандови

11:30 – Панел Дискусија 1: Важноста на практикантството и подготовка за прво вработување на студентите.

Учесници:
• Илина Мојсовска – Менаџер за привлекување таленти во Slice
• М-р Тане Мургоски – Специјалист за проекти, тренинг и едукација во Алкалоид АД Скопје
• Магдалена Лешковска – Раководител на одделот за човечки ресурси во Gerresheimer
• Емилија Велевска Арсовска – Талент партнер во Пивара Скопје
• Проф. Д-р Весна Забијакин Чатлеска – Институт за социолошки и политичко-правни истражувања, УКИМ

12:10 – Музички сет #1

12:30 – Мотивациски говор #1 – Оливер Хафербек – глобален сениор заменик претседател на Innovation AT и CEO Sensile Medical AG, Advanced Technology – Инспирација за вработување, глобална отвореност на пазарот на труд

13:00 – Панел дискусија 2: Асоцијација на кариерни советници: Хибридни професии – новата реалност за младите и компаниите.

Учесници:
• Ивана Дојчиновска Стојановиќ – Основач и член на УО на АСК – Асоцијација на советници за развој на кариера и член на УО на МАЧР
• Славица Тасева – Претседателка на АСК – Асоцијација на советници за развој на кариера
• Доц. д-р Мирјана Пехчевска Поп-Илиев – Основач и член на УО на АСК – Асоцијација на советници за развој на кариера

13:30 – Музички сет #2

14:30 – Мотивациски говор #2 – Дејан Ваневски – THRIVITY – Развој на компетенции – мостот помеѓу формалното образование и барањата на компаниите

14:45 – Музички сет #3

15:30 – Мотивациски говор #3 – Проф. д-р Софија Георгиевска, Филозофски факултет, УКИМ – Кариерно советување во високото образование – позитивни светски практики

15:50 – Музички сет #4

Компании кои ќе учествуваат на настанот Алкалоид, Раде Кончар, Филип Морис, Реплек, Скопска Пивара, Еуроникел, Мак Прогрес, ПроКредит Банка, НЛБ Банка, Халк Банка, Шпаркасе Банка, Лакталис, Gerresheimer, Индитекс, Van Hool, Slice, TaskForce, Нелт, Вива сокови, Веста дрогерија, Варус/Бионика, Рамстор, Адинг, BAT, Џонсон Мети, DS Smith, Тиквеш и Макстил.

Се гледаме на 7ми јуни на платото пред УКИМ!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...