Колумна на Коста Петровски GEPEKO in-house Training program
Како стигнавме до дигитализација?
Најверојатно одговорот е, еволутивно – уште од првите обиди на човекот да автоматизира нешто во својот живот, со цел да немора мануелно да ги извршува сите чекори во некоја активност. Оваа намера на човештвото ескалира во текот на техничко-технолошките револуции во текот на 19ти и 20ти век, кога машинството и електротехниката достинаа речиси совршено ниво. Во втората половина на 20ти век, човештвото “еволуира“ и достигнува ниво на потреба да забрза и вточни некои свои мисловни и упарвувачки активности. Користејќи ја електрониката, човештвото развива први машини и уреди кои од аналоген-автоматизиран начин на извршување на некои активности, почуваат да добиваат дигитален начин на функционирање.
За да не звучи сето ова преапстрактно, би сакал само да потсетам на некои такви машини и уреди, кои сите ги користиме (или сме ги користеле) без размислување дали се дигитализирани и дали користењето ни го “дигитализира“ животот:
- Рачен часовник.
- Калкулатор.
- Далечински уравувач.
- Регулација на температура.
- Машини за перење и миење.
- Користење на платежни картички.
- Отворање и затворање на простор.
- Наплатно место организирано со вага, бар-код читач, компјутер за креирање на сметка и издавање на потврда за плаќање.
- Магацин со ситем на ваги и бар-код принтери.
- Патарини.
- Гранични премини.
- Машини за кафе.
- Резрвоари и пумпи за течности.
- … верувајте листата е навистина долга …
- ..да не заборавам Мобилни телефони и други мобилни уреди.
Имајќи предвид дека човекот сепак потсвесно има отпор кон нешто ново, различно или работите да се менуваат пречесто, за што искуствено се уверив во текот на мојот кариерен пат, креиран е модулот Дигитализација, во GEPEKO програмата.
Недовербата од луѓето лежи во неколку можни мисловни препреки:
- Дали ќе функционира?
- Којзнае што се крие во позадина?
- Кој ќе учи повторно?
- Како да знам дека тоа што ќе го сработи е точно?
- … и други слични мисли
кои се базираат на комфор-зона, крадење на знаење или податоци, така беше “тешко“ да се премине:
- Од факс на е-маил и принтер;
- Од фисен телефон на мобилни телефони;
- Од аналогни на дигитални команди во возилата;
- Од чување на документи (во цели простории за таа намена) кон чување на сите документи на хард-диск, сервер, клауд;
- … и повторно листата е голема … и тоа се однесува на промени кои се случија “само“ во изминататите 30-ина години.
Ве уверувам дека дигитализацијата, што денес е неизбежна во комапниите, е всушност една од наједноставните работи која МОРА да ја прифатиме – бидејќи има доволен број на понудувачи на софтверски решенија и веќе готови решенија, кои произлегле од пионерските добри пракси.
Во GEPEKO програмата модулот за дигитализација треба да ги обучи луѓето во компаниите, за тоа како да нарачаат соодветно дигитално (софтверско) решение за своите потреби.
Прво би сакал да појаснам дека разбирањето за дигитализација е нормално да биде разберена како набавка на опрема со можност за дигитално управување, соодветна комјутерска опрема со сите потребни компоненти и софтверско решение соодветно на потребите на процесите.
Опремата со можност за дигитално управување, е во денешно време достапна за речиси секоја индустрија, бранша или процес. Во поедноставено објаснување станува збор за опрема (машини, принтери – 2Д или 3Д, возила за внатрешен транспорт, транспортни ленти, екрани, монитори, баркод читачи, ПОС терминали, ваги, фискални принтери итн.), која може да биде поврзана на интернет, со што се овозможува комуникација со таа опрема за потребите на контолирање, извршување или одржување.
Ваквата опрема е предмет на посебна анализа за секоја компанија, но во принцип зависи од потребите кои ги дефинираат виското раководство и клучниот извршен кадар кој е вклучен во извршување на активностите со предметната опрема.
Компјутерската опрема и сите потребни компоненти (сервери,компјутери, лаптопи, таблети, принетри, монитори, тастури итн.) за комплетирање на хардверската опременост на компанијата, има идентичен пристап на набавка и решавање како претходно објаснетата опрема. Кај оваа опрема постои една дополнителна карактеристика, на која мора се посвети внимание:
- Соодветен капацитет за потрбите на софтверското решение и опремата која има можност за дигитално управување.
Точно заради оваа карактеристика, компаниите имаат потреба од соодветно ангажиран кадар, со квалификација за Систем инжењер – соодветен познавач на поврзувањето, инсталиацијата на софтврески решенија и одржување на оваа опрема.
Софтверското решение е вистинската ДИГИТАЛИЗАЦИЈА. Претходно опишаните опреми, се подготовка за дигитализација на процесите во компанијата. При набавката мора да се пристапи со јасно прифаќање на следниов факт:
- Софтверите функционираат во принцип едноставно, само е многу, многу пати побрзо во рутинското и повторливо спроведување на командите, собирањето на податоци, анализа на истите и презентирање на решенијта.
Тука е врската со луѓето – вака добиените решенија, треба да ни овозможат простор и време да размислуваме креативно, одлучувачки и развојно.
Значи за секоја компанија, при комплетирање на дигитализацијата, најважно е да знае да го состави своето барање за софтверско решение. Врската со крерањето на овие барања првично ја наоѓаме во стандардизацијата, каде мора да имаме опис на секој процес – ова треба да биде дел од барањето.
Од описот на сите процеси, произлегуваат процедурите – некои од процедурите се неопходни во барањето за набавка на софтверско решение. Правилното креирање на описот на процеси и изборот на процедурите кои ќе влезат во барањето, треба да зависат од кадарот кој е(се) носител(и) или сопственик на процесот.
За комплетирање на барањето, секој сопственик на процес МОРА да се конслутира со извршителите на постапките кои произлегуваат од процедурите, па на тој начин би имале комплетно барање за најсоодветно софтверско решение. Ова е вака бидејќи треба да се има секогаш на ум – софтверското решение директно помага во текот на извршување на постапките, при што овозможува протокот на информации да биде потполно усогласен со протокот на материјали.
Дополнително на оваа потенцирана карактеристика, софтверското решение може да ги сочува сите записи од извршени активности, да спроведе аналитика во реално време и со тоа да ни овозможи мисловен процес во реално или стратешко време, но базиран на факти, а не на препоставки или некомплетни податоци.
Вака составеното барање, ќе овозможи објективен процес на набавка, со јасно и унифицирано (и недвосмислено) барање со цел добивање унифицирани понуди од повеќе понудувачи. Добиените понуди ќе може поедноставно да се евалураат и да се отвори преговарањето.
Сето претходно наведено, укажува дека отпорот или неразбирањето на потребата за дигитализација се залудни – асимилација во дигиталното општество е неизбежно. Се што е потребно во секоја компанија е, да се прифати дека ЛУЃЕТО, треба да бидат способни да порачаат и користат дигитални решенија. Или можеби поинаку кажано развојот на комапниите подразбира развој на луѓето и дигитализацијата, истовремено.
Модулот ДИГИТАЛИЗАЦИЈА во програмата GEPEKO, има за цел да ги насочи соодветно одговорните лица во компаниите да научат да креираат барање за софтверски решенија, имајќи предвид дека една од најважните карактеристики е: Решението МОРА да биде ЕДНОСТАВНО користење.
