„Задоволни сме што Академијата за Employer Branding, е препознаена како одговор во борбата за квалитетни вработени која останува висок приоритет во многу сектори“, вели Христина Лозаноска, директорката на ВИТА ИНСТИТУТ, која ја нагласи важноста на Академијата за Employer Branding.
Со цел да се прослават успесите на учесниците на првите две генерации на Академијата за Employer Branding, беше организирано матинее на кое земаа учество учесниците и предавачите на Академијата, претставници на Швајцарската амбасада, претставници на програмата ИМЕ и на Швајцарската агенција за развој и соработка и претставници на едни од најголемите бизнис мрежи Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Македонска асоцијација за човечки ресурси – МАЧР.
Особена чест претставуваше поддршката која од самиот почеток Академијата за Employer Branding ја доби од ИМЕ – Програмата за зголемување на пазарната вработливост, финансирана од Швајцарската Агенција за развој и соработка.
„Успешните компании знаат дека вработените се најголемиот капитал и дека треба постојано да вложуваат во привлекување и развој на кадарот. Академијата за Employer Branding им нуди одлична можност на компаниите да развијат практики за привлекување и задржување на талентираните вработени, што, пак, ќе придонесе кон раст и развој на самите компании. “ – Изјави Анета Дамјановска, Координаторка на проекти во Амбасадата на Швајцарија во нашата земја.
„Академијата за Employer Branding, развиена од страна на ВИТА Институт овозможува компаниите да стекнат знаења и искуства во примена на врвни ХР политики. Со акредитација на програмата од страна на Центарот за образование на возразни, Академијата ќе обезбеди системски, одржлив и континуран раст и развој на човечкиот капитал во компаниите.“ – Заклучи Горан Дамовски, тим лидер на проектот ИМЕ.
Настанот ја нагласи важноста од проширување на развојната патека на професионалците во државата, потребата од прогресивни практики и политики во организациите, кои имаат задача и одговорност на вработените и на идните таленти да им ги обезбедат оптималните услови за кариерен напредок. За современите организации, еден од најголемите предизвици е да останат релевантни и на пазарот на трудот, но и релевантни за нивните идни, потенцијални вработени. Затоа, се повеќе се истакнува потребата од создавање на силна, привлечна и продуктивна организациска култура, која јасно ќе биде одсликана во очите на јавноста.
На настанот се обрати Христина Лозаноска, директорката на ВИТА ИНСТИТУТ, која ја нагласи важноста на Академијата за Employer Branding.
„Задоволни сме што Академијата за Employer Branding, е препознаена како одговор во борбата за квалитетни вработени која останува висок приоритет во многу сектори. Ние со оваа програма нудиме експертиза, искуство и практични решенија за примена на позитивни практики!
Драго ми е што за многу професионалци отвори можност за кариерен развој, но и спремност на компаниите за воведување современи ХР практики кои ќе им помогнат да го изградат својот имиџ како посакуван работодавач!
Воедно, поддршката од Швајцарската амбасада и ИМЕ програмата многу ни значеше и не задолжи да ја оправдаме со висок квалитет и најново истата ја заокруживме со државно признен сертификат!“
Уписите за новата група на Академијата за Employer Branding се во тек! Искористи ја можноста за рана пријава дo 25.09.2021 (линк за пријава: https://bit.ly/3zhS4in )!!
Доколку сакате подетално да се запознаете со програмата и предавачите на Академијата, поканети сте на Информативен настан на 20.09.2021, од 16:30 часот во Public Room (линк за регистрација: https://bit.ly/3kbXUgS )!!
Галеријата со фотографии можете да ја погледнете на нашиот Facebook профил (линк: https://bit.ly/3Ak4vvf ).
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.