Employee Retention

од 24HR

Колумна на Душица Цандова, People Care Expert во Musala Soft.

Работата со луѓе отсекогаш ми претставува голем предизвик а истовремено и ме исполнува. Токму тоа е она што го работам во моето секојдневие.

Грижата за луѓето во една ИТ компанија воопшто не е едноставна задача а исто така е и доста динамична, со секојдневни предизвици и новости од ден во ден.

Управувањето со задржување на вработенитесе состои од стратешки активности, насочени кон градење на корпоративна средина, која ги задржува вработените мотивирани и фокусирани, за да изберат да останат дел од компанијата и да се целосно продуктивни. Тоавклучува технички и soft skills обуки, настани од различен тип – за споделување на знање и хоби, спортски иницијативи, за забава како и најразлични зелени активности, активности од социјална одговорност и многу други.

Колку што е важно да се разберат причините што ги тераат вработените да ја напуштат организацијата, исто толку е важно да се разбере зошто вработените остануваат. Студиите сугерираат дека вработените после одреден период стануваат приврзани за нивните работни места и заедници. Тие учествуваат во нивниот професионален и приватен живот, развиваат мрежа од врски и конекции, и на работното место и надвор од него. Што значи дека напуштањето на работата би барало прекинување или преуредување на овие социјални и вредносни мрежи.

Компаниите пак можат да го зголемат ангажманот на вработените преку обезбедување ментори, атрактивни проекти, поттикнување тимска кохезивност, охрабрување, обезбедување јасна социјализација и комуникација за вредностите и културата на компанијата, како и нудење единствени стимулации кои може да не се вообичаени на друго место, како што се најразлични бенефити за вработените.

Некои дополнителни стратегии и информации за задржување на вработените:

  1. Обезбедување позитивен фидбек – позитивниот фидбек ги мотивира вработените.
  2. Поттикнување на креативноста на вработените.
  3. Почитта на работното место е многу важна.
  4. Давање можност вработените да растат.
  5. Довербата на вработените е многу важна.
  6. Поддржување здрав баланс меѓу работата и приватниот живот.

Стратегијата за задржување на вработените во Мусала Софт вклучува два клучни моменти – грижа за професионалниот и личен талент на секоја индивидуа во компанијата и поддржување на силна корпоративна култура. Во секојдневната грижа за вработените спаѓаат многу различни аспекти, почнувајќи од едно навидум обично прашање „како си денес?“, па се до разговор со секој вработен поединечно како и работа во групи, тренинзи за вработените, одбележување на годишнините на вработените, прославување на лични и професионални успеси, итн.

Целните стратегии за задржување на вработените се засноваат на податоци од неколку клучни извори, вклучувајќи регуларни средби и performance review средби, фокус групи на вработени, оценка за фидбек после секоја иницијатива и др. Информациите од овие извори може да не наведат да утврдиме поконкретно каде постои предизвик и да развиеме многу релевантни и поврзани стратегии за решавање на истиот.

Придобивката за секоја компанија од добро структурирана и динамично развивана стратегија за задржување на вработените е сплотен тим, а тим обединет со заеднички вредности и цели, води кон успех.

За авторот:

Душица Цандова е Дипломиран психолог при УКИМ, Филозофски факултет, катедра – Психологија во 2018 година. Со лиценца од Комора на психолози се стекнува во Март 2021 година. Веќе 3 години работи со клиенти со Гешталт психотерапија под супервизија од Гешталт Институт – Скопје. Од ноември 2018 година до ден денес е дел од “People Care” одделот на Мусала Софт – една од најголемите ИТ компании во Македонија..

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...