Ендава ја доби Гранд При наградата на Employer Brand Awards Adria

од 24HR

„Оваа награда ја посветуваме на сите вработени во Ендава Скопје, бидејќи пред се, тие се причината за препознатливоста и успешноста на нашата компанија, и воедно се нашите најголеми амбасадори.“ – Маша Ристовска, бизнис партнер за развој на вработени на Ендава Скопје

За првпат во Јадранскиот регион се одржаа Employer Brand Awards Adria во организација на Career Center, организација која им помага на компаниите во процесите за регрутација. По две успешни изданија во Хрватска, оваа година настанот беше отворен за целиот регион.

За време на церемонијата што се одржа на 3-ти декември, Ендава Скопје ја освои Гранд При наградата.

Оваа награда се доделува за сеопфатна стратегија за брендот, внатрешна и надворешна комуникација на брендот, креативност во решенијата, квалитет на кампањите и иновација во прикажување на постигнатите резултати. Бидејќи ова е прво издание во Јадранскиот регион, особено сме горди што ја освоивме Гранд При наградата за нашата земја.

„Една од главните вредности на еднава е „thoughtful”, а тоа значи дека се грижиме за успехот на нашите вработени, нашите клиенти и нивните организации, како и за земјите во кои сме присутни. Со препознавање на важноста да се овозможи стимулативна средина за нашите вработени, постојано работиме на дефинирање на најдобрите методи за напредок во учењето и кариерата и наоѓаме нови начини за да ја зголемиме инволвираноста на нашите вработени. Целта е да создадеме култура која им овозможува на луѓето да бидат најдобрата верзија од себеси. Многу сме горди на оваа награда бидејќи е признание за нашите напори и ентузијазам, како и за нашето присуство во поширокиот регион.“ – Горјан Кепески, менаџер на Ендава Скопје

„Оваа награда ја посветуваме на сите вработени во Ендава Скопје, бидејќи пред се, тие се причината за препознатливоста и успешноста на нашата компанија, и воедно се нашите најголеми амбасадори.“ – Маша Ристовска, бизнис партнер за развој на вработени на Ендава Скопје

Наградата ја добивме заради најдобри резултати во сите категории со кои учествувавме, поддржани од следниве иницијативи:

Employee experience – Ендава е изградена врз силна култура, услугите што ги даваме и односите што ги градиме со нашите клиенти. Низ годините имаме имплементирано многу иницијативи кои се фокусираат на различни области поврзани со искуството на вработените, како програмата за Career Coaching, Learning Paths и Endava Engagers.

Junior progammes – Graduates програмата е дел од нашиот годишен план уште од отворањето на канцеларијата на Ендава во Скопје. Оваа програма прерасна во првиот избор на студентите кои сакаат да ја почнат својата кариера пред да завршат со студиите.

Innovative Employer Brand Activity – Дисциплинските недели ги поддржуваат и поттикнуваат нашите вработени да го споделат нивното знаење и експертиза, додека истовремено создаваат проекти кои ги обединуваат креативните умови со една заедничка цел – иновација и раст.

Best Employer Branding Event – Tech Series собирите се начин да се поврземе со надворешните заедници и да споделиме заедничка експертиза на различни теми и предизвици. Во нашите канцеларии низ годините имаме организирано многу успешни изданија на Endava Meetups. Со новиот начин на работа се префрливме на Endava Web Stories, кои се онлајн вебинари со што се отвори можност за уште поширока публика од целиот Јадрански регион.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...