Фаворизирање на работното место!

од 24HR

Фаворизирање е кога менаџерот или шефот дава повеќе можности или бенефиции на еден вработен во однос на другите ,поради други причини кои не се вештини и перформанси на работното место . Понекогаш постапките на работодавачот се ненамерни и фаворизирањето се случува потсвесно.

Но доколку тоа стане честа појава фаворизирањето може да биде многу штетно за моралот и продуктивноста на работното место, предизвикувајќи незадоволство и недостаток на мотивација кај другите вработени. Фаворизирањето во секој сличај е контрапродуктивно.

Доколку вработените чувствуваат дека нема да добијат заслужени унапредувања или можности во замена за напорна работа, тие ќе бидат обесхрабрени да го вложат својот максимален труд. Недостатокот на труд во комбинација со неквалификуваните вработени кои напредуваат во компанијата доведува до севкупна непродуктивна и самоуништувачка работна средина.

Дали фаворизирањето е нелегално? Ниту еден закон не ги спречува компаниите да имаат лоши менаџери и лошо да менаџираат со вработените . Покажувањето фаворизирање на работното место е легално, освен ако работодавачот не ги дискриминира поединците врз основа на заштитен статус, како раса, возраст, сексуална ориентација, боја на кожа, религија,пол…

Доволно е тешко да бидете успешни и да одите напред во кариерата. Сега замислете дека правите се како што треба и ги надминувате сите ваши колеги и сè уште сте занемарени за таа отворена позиција.Фаворизирање на работно место е доста честа појава,ја има скоро во секоја компанија,особено во големите корпорации.

Еве неколку суптилни знаци кои можат да значат дека вашиот шеф има омилени вработени:

  • Менаџерот често е во комуникација со еден вработен надвор од работа,одат на ручек,фамилијарни дружби.
  • Менаџерот прифаќа предлози само од тој еден одреден вработен
  • Бенефитите,зголемување на плата,награди секогаш ги добива еден вработен
  • Обуките за развој на работно место и можност за напредок, менаџерот ги доледлува на одреден вработен
  • Секогаш има оправдување на лошиот тимски колега доколку тој вработен му е омилен 

Што да направите кога ќе видите дека има фаворизирање во вашиот тим?

Тешко е да се знае каков пристап да преземете кога ќе се најдете во оваа ситуација,бидејќи се зависи од атмосферата и култура на вашето работно место,треба да процените и да делувате.

Не избрзувајте со заклучоци. Разјаснете ги вашите првични мисли, направете една анализа за ситуацијата за да се уверите дека вашиот колега е неправедно фаворизиран. И доколку тоа е на штета на вашата кариера направете чекор.

Направете разговор со вашиот менаџер за вашата работа и учтиво побарајте резонирање на што се должи вашето тапкање во место. Користете прикладни и учтиви реченици,обидете да покажете стабилност и зрелост- Навистина се надевав дека ќе бидам избран/а за да го водам новиот проект. Можете ли да ми дадете некои конкретни причини зошто не бев одбран/а?

Секоја година аплицирам и покажувам интерес за обуката за развој,меѓутоа ни оваа година не бев одбран/а?Навистина незнам каде грешам ,и која е причината зошто сеуште неможам да присуствувам на обуката која ќе ми помогне во кариерата?

Доколку сте имале неколку разговори со вашиот шеф и ништо не се променило, прифатливо е да разговарате со некој од секторот на HR.Секторот за човечки ресурси може да помогне да се поттикне фер третман од вашиот шеф или да ве смести во друг тим.

Доколку и од HR не наидете на фер пристап.

Време за нова работа!?

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...