Македонски Телеком континуирано и посветено работи на обезбедување поволности и бенефиции за своите вработени. Нашите бенефиции се внимателно развиени за да опфатат различни аспекти, овозможувајќи вработените да ги подредат својата кариера и живеењето според сопствените потреби.
Се разбира, секој вработен е посебен со свои индивидуални потреби кои во текот на животот сосема нормално се менуваат, па оттука бенефициите што ги нудиме се поддршка за секоја потреба и фаза од животот. Нашата цел е на сите вработени да им овозможиме се што им е потребно за да напредуваат и секојдневно да го даваат најдоброто од себе.
Бројните бенефиции кои нашите вработени ги имаат опфаќаат широк спектар, од флексибилно работно време, работа од дома, приватно здравствено осигурување, па се до попусти во бројни – институции реномирани трговски претпријатија.
Една бенефиција, која несомнено буди интерес кај секого, а е и престиж за секој наш вработен е – Фитнес Центар на работното место. Вежбањето ја буди продуктивноста, ослободува позитивна енергија, го подобрува менталното и физичкото здравје, го намалува стресот, го подобрува work-life balance, а со тоа придонесува за поголема успешност во работењето. Оваа бенефиција, која патем е во согласност со нашата стратешка определба за грижа на здравјето и добросостојбата на вработените, е достапна во нашата дирекција веќе 8 години. Во Македонски Телеком имаме врвно опремен Фитнес Центар, кој досега работеше пред и по завршувањето на работното време. Но, следејќи ги потребите и желбите на вработените, ние решивме да ја збогатиме оваа бенефиција, па сега Фитнес Центарот е на располагање и во текот на работното време и се разбира и за време на викендот. Вработените сега го користат Центарот и за време на паузата или кога ќе почувствуваат потреба од физичка активност, или пак едноставно кога ќе посакаат да ги смират своите мисли и да се наполнат со позитивна енергија.
Дениел Јанков
Лично за себе ќе кажам – Фитнес Центар на моето работно место е голема придобивка која придонесува во work-life balance и одржување на навиките за редовен тренинг без голема загуба на скапоцено време во организација и патување на место подалеку од просториите на МКТ.
Вежбам 4 пати во неделата. Работно време на Фитнесот во текот на целиот ден би придонело за поголема флексибилност во планирање на тренинг и покрај работните и приватните обврски, земајќи го во предвид и флексибилниот почеток на работното време 08-09 до 16-17ч, ова би претставувало уште поголем бенефит. И секако тука е софтверот за закажување на термин каде сега имаме поголем избор со цел да се избегне преголема гужва
Бенџамин Ибраими
Редовното вежбање особено во теретана има многу бенефиции во нашето здравје. Помага да се подобри кардиоваскуларното здравје, да се зголеми флексибилноста и да се подобри целокупната физичка подготвеност. Фитнес центарот во Македонски Телеком е бесплатен и е голема бенифиција за нас вработените. Тоа што отсега работи и во текот на работното време е навистина одлично, бидејќи има колеги кои работат втора смена и сакат да вежбат пред работа и слично.. “
Оливер Димковски
Внимавам да одам минимум 3 пати во неделата, но често доаѓам и 4 пати, се зависи од периодот и обврските.
Ова е убава бенефиција која ни заштедува време, а секако и пари. Можеме да вежбаме пред или после работното време, зависно од нашата желба, исто така Центарот можеме да го посетуваме и за викенди и празници. Фитнес клубот ги исполнува сите услови – после вежбање можеме да се истушираме и подготвиме за престојниот работен ден, доколку го посетуваме пред работа.
Мислам дека новото работно време на Фитнес Центарот ќе има супер влијание на вработените со тоа што наместо да се иде на пауза (кафе и т.н..) вработените ќе можат да ја искористат за вежбање во сала. Комбинацијата на психички одмор со физички напор е покажана како многу добра комбинација и мислам дека со ова би се зголемила продуктивноста на вработените.
Фитнес Центарот е нашето место каде го негуваме здравјето, го градиме тимот, го подобруваме духот и ја зголемуваме продуктивноста. Во нашата компанија градиме култура во која се грижиме едни за други. Независно дали некој сака да го намали стресот, некој да изгуби неколку килограми, некој пак да ја одржи кондицијата, или некој сака да се дружи со својот тим во спортско издание, сето тоа придонесува кон едно – редовната физичка активност подразбира здравје, а тоа е најважниот предуслов за успех! Македонски Телеком навистина се грижи за здравјето на вработените.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.