Го најавуваме бесплатниот настан во живо посветен на една од најрелевантните теми во современото бизнис опкружување-“Најбараните вештини за професионален HR Менаџер”

од 24HR

Со почеток на оваа приказна пред 15 години, Семос Едукација се постави како водечка институција во едукацијата на HR професионалци. Нашиот ангажман и посветеност им овозможуваат квалитетна едукација на сите индивидуалци кои се заинтересирани да имаат кариера во областа на човечките ресурси.

Нашите програми – Семос Академијата за човечки ресурси и Академијата за човечки ресурси во IT сектор континуирано го обогатуваа кадарот во HR индустријата со најновите техники, практики и стратегии. Нашата посветеност кон успехот и иновативниот пристап во неформалното образование е она што не ни овозможи да бидеме предодредени да ја менуваме HR сцената во земјата и понатаму.

За сиве овие години, Семос Едукација не само што го едуцираше кадарот во човечки ресурси, туку создаде заедница на индивидуи кои се инспирираат еден со друг, го споделуваат своето искуство и сега веќе работат како HR професионалци.

Со гордост го најавуваме бесплатниот настан во живо посветен на една од најрелевантните теми во современото бизнис опкружување – “Најбараните вештини за професионален HR Менаџер”. Ова е вашата шанса да се запознаете со најдобрите во областа, да чуете од нивните искуства и да ги слушнете нивните совети за успешна кариера во областа на човечките ресурси.

На овој настан, нашиот прв говорник е Ана Салтирова Давидовски, NLP coach и врвен професионалец во областа на човечките ресурси. Со повеќе од 10 години искуство како предавач на Академијата за човечки ресурси во Семос Едукација, Ана ќе ни ги претстави најважните вештини и аспекти на улогата на HR Менаџерот.

Исто така, ја имаме и Македонка Димковска, Head of people operations во “Symphony.is”, која ќе ни ги сподели свои искуства и вештини потребни за успешно менаџирање на HR функциите во IT индустријата. Таа ќе нè запознае со потребата од HR професионалци во компаниите кои работат во оваа брзорастечка област.

На овој настан имаме и специјален гостин Марко Хиниќ, Senior Human Capital Manager во Netcetera. Марко ќе ни ги пренесе своите искуства и предизвици како дел од секторот за човечки ресурси во голема IT компанија како што е Netcetera.


21 февруари,
Почеток во 18:00 часот во Startup Club Skopje.
Резервирај место

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...