понеделник, февруари 23, 2026
Почетна HR МаркетингХалк Осигурување продолжува да инвестира во вработените во 2026 година

Халк Осигурување продолжува да инвестира во вработените во 2026 година

by 24HR

Халк Осигурување продолжува да ја потврдува својата посветеност кон вработените преку конкретни и видливи активности, со обновувањето на Доброволното приватно здравствено осигурување (ДПЗО) петта година по ред. Компанијата целосно го финансира ова осигурување, покривајќи ги сите вработени и со тоа дополнително ја зацврстува културата на грижа, сигурност и поддршка за својот тим.

Од 2026 година, полисата е проширена и ги вклучува и децата на вработените. Овој значаен чекор ја зајакнува поддршката за семејствата на вработените и ја рефлектира визијата на компанијата за заштита и мотивација на своите вработени.

Покрај здравственото осигурување, компанијата воведува и осигурување од незгода, како и осигурување на смрт од болест, кои за прв пат се нудат оваа година и дополнително ја зголемуваат сигурноста на вработените и нивните семејства. Сите нови бенефити се целосно покриени од компанијата, демонстрирајќи јасна и континуирана грижа за благосостојбата на тимот.

Дополнително, продолжуваат практиките кои ја збогатуваат работната средина:

  • Слободен ден за роденден
  • Вредносни ваучери за роденден
  • Корпоративни подароци за посебни прилики
  • Континуирани програми за обука и професионален развој

Политиката за постојана евалуација, редовните зголемувања на платите, транспарентниот и структуриран систем за унапредување, како и постојано унапредуваниот пакет бенефити, ја покажуваат севкупната стратегија на Халк Осигурување во управувањето со човечки ресурси. Таа го поддржува развојот на вработените, промовира стабилност и ја зајакнува долгорочната мотивација.

Пристапот на Халк Осигурување е јасна потврда на постветеноста за создавање стабилна, доверлива и инспиративна работна средина, каде резултатите се вреднуваат, трудот се признава, а благосостојбата на вработените и нивните семејства е вистински приоритет.

Related Posts

Leave a Comment