HR професијата поминува низ трансформација, но останува камен-темелник за секој бизнис

од 24HR

Интервју со Арпи Карапетјан – меѓународно сертифициран HR професионалец (SPHRi, SHRM-SCP), меѓународно овластен тренер (EPC), тренер, говорник и консултант. Таа е и еден од говорниците на 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси во организација на МАЧР.

Од 3ти до 4ти декември ќе се одржи 12-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси која традиционално секоја година ја организира Македонската асоцијација за човечки ресурси. На конференцијата ќе говори и Д-р Арпи Карапетјан – меѓународно сертифициран HR професионалец (SPHRi, SHRM-SCP), меѓународно овластен тренер (EPC), тренер, говорник и консултант.

Таа ќе зборува на тема “HR: soft or hard? – which approach is better for the future”, а 24HR ве запознава со Д-р Арпи Карапетјан преку интервјуто кое го направивме со неа.

Дали човечките ресурси се клучот за навигирање во иднината на организациите?

Дефинитивно да! HR професијата поминува низ трансформација, но сепак останува како клучен камен-темелник за секој бизнис. Најважното прашање кое треба да си го поставиме е: „Како изгледа новиот HR и кои се улогите што треба да ги игра?“. Моето разбирање е дека постои значителна потреба за надградување и дополнување на професионалните стандарди во нашата професија. И, се надевам дека конференцијата ќе ни помогне да ги најдеме вистинските одговори за тоа.

На која тема ќе зборувате на 12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси?

Мојата тема ќе биде “HR: soft or hard? – which approach is better for the future”, каде што би сакала да ги опфатам главните насоки до каде се развива нашата професија. Ќе зборувам за клучните тенденции во активностите поврзани со човечки ресурси за време и по Ковид-19 и ќе ги пронајдам одговорите со истражување на логичните нивоа на Роберт Дилтс. Главната идеја е да ги споделам своите размислувања со публиката и да добијам повратни информации од колегите за нивните перспективи.

Кои се вашите очекувања од 12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси?

Да научам, развијам, да пронајдам нови идеи и да се поврзам. Верувам дека најдобриот начин да останете во тек и да ги разберете тенденциите е преку професионално вмрежување, а конференциите се идеално место за тоа. Единствено жалам за виртуелниот формат, кој е диктиран од пандемијата, и навистина се надевам дека следниот пат ќа можам да допатувам и лично да се запознаам со луѓето.

Повеќе за конференцијата, агендата и начинот на пријавување дознајте на веб страната mhraconference.mk.


24HR
главен медиумски покровител на
12-тата меѓународна конференција за човечки ресурси
mhraconference.mk

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...