684
Microsoft соопшти дека планира во првите месеци од 2023 година да укине 10.000 работни места, или околу 5% од својата работна сила.
Компанијата објави дека причината за ваквиот потег е намалување на трошоците, тие се загрижени за економска криза која ја зголеми неизвесноста.
Кратењата претставуваат нешто помалку од 5% од глобалната работна сила на Microsoft.
Microsoft брои 221.000 вработени. Компанијата почна да ги известува засегнатите работници и планира отпуштањето да го заврши до пролет.
Како и другите големи технолошки компании, Microsoft започна со ултра брзо вработување за време на глобалната пандемија. Од 2019 година, Мајкрософт вработил околу 75.000 работници.
