Indeed: Двојно повеќе огласи за вработување во човечки ресурси

од 24HR

Огласите за позиции од областа на човечките ресурси бележат раст, покажуваат анализите на сајтот за вработување Indeed.com

Растечки тренд бележат огласите за вработување во човечки ресурси како што нивниот број е зголемен за 52.5% во споредба со нивото пред пандемијата.

Тоа е далеку повеќе од просечниот пораст на нови работни места во HR индустријата кој изнесува 30.5% според податоците на сајтот за вработување Indeed.com.

Причина за ова е фактот што компаниите ги зајакнуваат своите оддели за човечки ресурси како што се подготвуваат за враќање на својата работна сила во канцеларија.

Според Indeed.com, компаниите ќе се соочат со два масовни предизвици во следниот период.

Првиот е спознавањето на вистинскиот баланс помеѓу работата во канцеларија и работата од дома кој најдобро функционира за нивната работна сила, а вториот е пополнување на слободните работни места на вработени кои одлучиле да ја променат работата или да дадат отказ.

И двата проблеми бараат професионалци за човечки ресурси за да бидат решени.

„Компаниите бараат експерти за далечинска работа за да им помогнат на менаџерите во сетирање на хибридни работни места и оддалечени тимови, а тие бараат експерти за регрутација и ангажирање за брзо и ефикасно пополнување на работни места“, вели економистот на Indeed.com, ЕнЕлизабет Конкел.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...