Интервју со Весна Симоновска-Директор на Сектор на човечки ресурси,право и администрација во ВИНЕР – ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП АД СКОПЈЕ

од 24HR

Интервју со Весна Симоновска-Директор на Сектор на човечки ресурси,право и администрација во ВИНЕР – ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП АД СКОПЈЕ

Какви се вашите почетоци во осигурителниот сектор и како изгледаше вашата кариерна патека?

Предноста како дипломиран менаџер по осигурување во 2011 година ми овозможи да бидам дел од тимот на Агенцијата за супервизија на осигурување, каде извршував работни задачи на повеќе работни позиции, меѓу кои од 2015 година и управувањето со човечките ресурси. Во периодот од јануари 2020 година, до февруари 2023 година продолжив да работам на полето на човечки ресурси во Државен завод за ревизија и од месец февруари 2023 година сум на работна позиција Директор на Сектор на човечки ресусрси, право и администрација во  ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје.

Како се вљубивте во човечките ресурси како професија?

Со првото вработување, а во насока на равивање на добра комуникација со соработниците, најпрво сфатив дека еден од најбитните елементи за добра соработка е да ја разбереме различноста на човековата природа и да се развиваме со сочувство и свесност за различните нивоа и начини на кои луѓето функционираат, перцепираат и комуницираат. Една од работите во кои навистина уживам, е комуникацијата со луѓето. А кога една личност сака да работи со луѓе и притоа има слух за нивните чувства и потреби на работното место, добро ја познава својата работа, добро ја познава организација и во секој момент е спремна е да му помогне на соработникот да ги надмине пречките при движење нагоре и да ги совлада организациските политики и процедури, тогаш таа личност со сигурност е заљубена во човечките ресурси како професија.

Дали осигурителната дејност во Макeдонија е посакувана за работа од младите таленти кои ќе излезат од факултетите?

Имајќи го во предвид краткиот период на оваа работна позиција, сепак можам да потврдам дека осигурителниот сектор е атрактивен за младите таленти, поткрепено со фактот на пристигнати голем број на апликации наспроти мал број на објавени огласи за вработување.

Интерес има и од страна на студенти на насока осигурување, како и на студенти од економски и правен отсек и исто така интерес пројавуваат и ученици од средните економски и правни училишта во поглед на реализрање на нивна пракса во ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје.

Трендот на младите е да ја менуваат својата работа почесто. Дали е тоа случај и во осигурителниот сектор и дали е тешко да се задржат младите во осигурителниот пазар?

Компетенциите, знаења и способности се основни предуслови за конкурентност на деловните системи. ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје многу се вложува на тоа поле, инвестира во своите човечки ресурси и тоа индивидуално согласно потребите на колегите. Една од долгорочните стратегии во поглед на човечките ресурси е професионалниот развој, односно можноста да се стекнат со функционални и апликативни компетенции од одредени области, како и искуствата кои претставуваат билет за успешност во реалниот деловен свет, односно можност за кариерен равој.

И при самите влезни интервјуа, посебно кај кандидатите (лица до 25 години) кои немаат или имаат минимално работно искуство, во поглед на нивните очекувања кој ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје би требало да ги исполни, е прашањето за нивниот професионален и кариерен развој.

Можноста за професионално и кариерно напредување во ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје е еднаква можност за сите вработени и единствен предуслов за истото е нивната желба за усовршување и стекнување на нови знаења и вештини, мотивација, нивната проактивност и покажаните резулати. Согласно нашата статистика над 70% од лицата кои првото работно искуство/пракса ја имале во компанијата останале да работат во ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје и овие лица сочинуваат над 30% од вкупниот број вработени во компанијата. Тоа зборува за капацитетот на компанијата во развојот на човечките ресурси, но и изборот на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје меѓу младите како посакуван работодавач.

Што мислите дека е потребно да се изгради една успешна организациска култура во осигурителна компанија како ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје?

Организациската култура им сигнализира на вработените што е прифатливо и што не е прифатливо за истата, како и кои се вредностите на организацијата. Нашите вредности се интегритетот, кредибилитетот и професионализмот. Брендот WINNER исто како и брендот VIG (Виена Иншуренс Груп) пред се претставува доверба и сигурност за нашите клиенти и вработени. Темелот на организациската култура во Виена Иншуренс Груп АД Скопје е чувството на припадност како резултат на споделената визија.

Се однесуваме меѓу себе со почит и горди сме на бенефитите благодарение на  различноста на членовите на семејството на Виена Иншуренс Груп АД Скопје и на нивните идеи.

Во секторот за продажбата во осигурувањето, како и во други индустрии постојат таргети, кој е клучот или која особина треба да ја има еден вработен да го исполни својот таргет во осигурувањето?

Способностите и компетенциите, може да се научат и да се развиваат, но само доколку личноста го сака истото и доколку е мотивирана. Вработените кои вложуваат континуиран труд, секако дека успеваат да остварат добри резултати.

Во поглед на компетенциите на лицето кое остварува таргет, неминовни се комуникациските вештини, продажни вештини, секако добро да ја познава својата работа и да постапува согласно Кодексот на деловна етика на Виена Иншуренс Груп АД Скопје.

Што би им препорачале на оние нови таленти кој сега  ја градат кариерата во осигурителната индустрија?

Вработените, како и во секоја друга индустрија, така и во осигурителната индустрија претставуваат уникатен ресурс. Токму поради таа специфичност, субјектите од осигурителната индустрија се должни да се прилагодуваат на промените и приоритетот мора да биде насочен кон потребите на своите вработени, при што ќе им се овозможи максимален развој на вработените, на начин преку кој друштвата за осигурување ќе ја зголемат својата деловна успешност.

И токму поради овој многу значаен елемент, уникатен ресурс, ги охрабрувам сите заинтересирани таленти кои имаат одредени компетенции за оваа област и сметаат дека можат да се пронајдат во овој сектор и имаат желба да се занимаваат со оваа дејност, прв чекор за исполнување на истата е нивната мотивација.

Втор чекор е секако посветеноста на личниот развој кој не значи само стекнување на знаење и вештини, тоа значи фокус на секоја индивидуа посебно согласно нејзините можности и аспирации. Личниот развој е во срцето на професионалниот развој, а истиот претставува развој на нечии капацитети на балансиран и систематизиран начин.

0 коментар
2

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...