ИТ Писменост колку ИТ предзнаење треба да поседуваат ИТ регрутерите

од 24HR

Што е всушност ИТ Писменост за регрутери? Тоа е знаењето и способноста на регрутерот брзо да го процени резимето на кандидатот односно да препознае технички вештини кои следниот колега или колешка треба да ги поседува. Дополнително “ИТ Писменост” ни е потребна со цел да можеме до одредено ниво да разговараме со кандидатите и направиме успешно интервју или само информативен разговор.
Последователно на ИТ-поимите, потребно е разбирање на проектите на кои што идните вработени ќе работат, разбирање на тоа што компанијата во која што работиме го овозможува како услуга или пак продукт.
Секако, не се очекува од регрутерот да биде ИТ експерт, инаку и самите би биле тогаш програмери :D, но за тие кои се експерти или имаат ИТ образование во позадина предноста е голема за успешна регрутација.
Посебно важен дел е кога се регрутираат потенцијални кандидати за одредена позиција која како регрутери треба да ја затвориме, е да знаеме да исконтактираме соодветен профил на кандидати кои одговараат на техничките вештини и искуство кое позицијата ги налага.

Знаењето се стекнува чекор по чекор и најефикасно се учи при самото работење, истражување за ИТ позициите, програмските јазици, “frameworks”, дата бази и методологии, видови на тестирање, проекти и многу други дополнителни информации кои ги добиваме како регрутери.

За почеток еден ИТ Регрутер треба да разликува:

 1. Типови на технички позиции

-Front-End Developer
-Back-End Developer
-Full-Stack Developer
-Software Tester/QA
-DevOps engineer
-System Administrator
-UX /UI designer итн.

2. Програмски јазици и технологии кои се всушност и вештини на кандидатите

-HTML
-CSS,C,C++,C#
-JavaScript
-Java
-Python
-PHP
-Android
-React,Vue,Node
-Databases
-Frameworks итн.


3.  Продуктот или услугите кои ги извршува компанијата во која што работи со цел да ги претстави до потенцијалните кандидати.

4. Алатки и платформи за пребарување на кандидати како што се LinkedIN, GitHub, StackOverflow, Upwork, Google итн.


Сите потребни информации, ИТ Регрутерот може да ги стекне преку обука од самата компанија, разговор со техничките колеги и пребарување на интернет. Тука покрај разликување и препознавање на горенаведените технологии, следен чекор е да се научи за што се користат програмските јазици односно дали се користат во Frontend или Backend делот на работење, кои технологии се поврзани едни со други и кои верзии се користат.
LinkedIN – како една од најкорисните платформи за пребарување и контактирање на соодветен кадар, е задолжително да секој еден ИТ регрутер е присутен на оваа мрежа со сопствен профил. Постојат различни лиценци кои се од огромна помош при регрутација.

Од моето лично искуство особено во моменталната компанија во која што работам – Валтек која е глобално позиционирана компанија, распространета на 5 континенти, во 20 земји и е светски лидер во дигитална стратегија и трансформација на компаниите, ми овозможува да учам од ден за ден се повеќе поради различните работни позиции на кои што работам. Потребно е трпение додека ги разбереме и научиме дел од многуте технологии, поими и вештини така што само упорност и добар “Research” за секоја од работните позиции на кои работиме како регрутери.


За авторот:

Ирина Кузевска e дипломиран психолог со дополнителна диплома од едукативниот центар Clear View за Менаџирање со Човечки Ресурси и работно искуство како Регрутер и HR специјалист во The HeadHunter, подоцна во Axapta Masters,моментално работи во Valtech MK како Talent Acquisition Specialist.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...