Проверете го вашиот личен пулс за стрес на работното место

од 24HR

Преку користење на едноставен метод дознајте дали стресот којшто го доживувате на вашето моментално работно место е решлив, возбудлив или само ви предизвикува долгорочна штета?

Кога барањата на работното место не се усогласуваат со нашите способности, ресурси или потреби, се случуваат низа негативни физички и емоционални реакции кои сите ние барем еднаш сме ги доживеале во животот. Тоа е појавата наречена стрес на работното место. Не постои работа без стрес. Особено за оние професионалци коишто се трудољубиви, посветени на својата работа, и имаат цврста работна етика.

Ⓒ Катерина Ѓеровски

Сите ние треба да бидеме свесни за постоењето и нивото на стрес којшто го доживуваме во текот на работењето за да можеме да живееме животи кои всушност вреди да се живеат. Без разлика на тоа од какви обврски спаѓаат во опсегот на вашата работа, постојат чекори што можете да ги преземете за да се заштитите од крајните негативни ефекти на работниот стрес, да го зголемите задоволството од работата и да ја збогатите вашата благосостојба на работното место и надвор од него. Во текот на мојата кариера размислував доста на оваа тема и дојдов до заклучок дека сè што треба да направиме за да имаме работа со оптимална количина на стрес е да правиме редовна проверка на личниот пулс за стрес на работното место. Еве еден метод којшто може да биде корисен за сите нас доколку го практикуваме на редовна база.

Со практикување на оваа рутинска проверка на стресот, можете да ги избегнете најнесаканите ефекти коишто ваквиот тип на стрес може да ги има врз вас и башето здравје, како и врз односите коишто ги негувате со лицата од вашата непосредна околина. Едноставно, би можеле да преземете превентивна акција пред да биде предоцна. Се надевам дека со користење на овој пристап ќе избегнете долги периоди на:

  • Серија од утра во коишто прво чувство после будење е чувството на вознемиреност
  • Аверзија кон понеделниците (како и кон секој друг ден во неделата)
  • Чувство на некомфорност во поголемиот дел од времето кое штo го поминувате на работа
  • Недостаток на енергија за живот по завршувањето на работото време
  • Недостаток на мотивација за постигнување дури и на задоволителни резултати во работата
  • Значително на самодвербата и разнишување на чувството за самовредност
  • Знаци на нарушување на менталното здравје
  • Нарушување на блиските односи со пријателите, фамилијата и партнерот поради постојано споделување на фрустрирачки моменти поврзани со негативната работна средина и чести промени во расположението
  • Целасна физичка исцрпеност поради акумулиран замор и болест

Вработените не треба да бидат единствените коишто се свесни за стресот што доаѓа со нивната работа. Истата свесност треба да биде цел и секојдневие и на самите работодавци. Лидерите ширум светот мора да се посветат на редефинирање на тоа како треба да изгледа здравата и посакувана работна средина за да можат ефективно да се справат со епидемијата на стрес и да стимулираат практикување на здрав живот во и надвор од работното место за луѓето кои всушност ги движат надпред – вработените.

Ова веќе одамна е врвен приоритет на водечките бизниси ширум светот и верувам дека секоја земја и секоја организација треба да се борат да го обезбедат истото за своите вработени. Доколку не го сторат тоа – тогаш должноста останува на самите вработени да трагаат се додека не ја пронајдат онаа средина којашто ќе им го даде тоа што ним навистина им треба.

Во прилог на оваа тема, би сакала да го споделам и мојот омилен цитат од Сајмон Синек:

Одговорноста на една компанија е да им служи на клиентите. Одговорноста на лидерите е да им служат на своите вработени за тие пак, да можат подобро да им служат на клиентите. Доколку лидерите не успеат најпрво да им служат на своите вработени, тоа може само да се одрази негативно врз клиентите и самата компанија“.

Какви активности можат да ги преземат бизнисите во оваа ера на зголемен стрес на работното место за да ја добијат војната за добри вработени? Што е она што светските компании веќе го практикуваат? Дознајте повеќе во мојата следна статија.

До следниот пат!

Катерина Ѓеровски

katerinagjerovski.medium.com

За авторот:

Катерина Ѓеровски е глобален HR експерт којашто моментално живее во Германија и работи за еден од најпосакуваните работодавци на ниво на Германија и Европа. Во моментот е одговорна за HR операциите во Европа, Среден Исток и Африка. Во текот на својата кариера има работено во големи глобални организации како Kromberg & Schubert и Van Hool, а исто така има и работено како интернационален кариерен советник за европскиот, американскиот и азискиот пазар. Покрај тоа, има и соработувано со 30+ компании ширум светот преку глобални freelance HR проекти

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...