Студентите имаа прилика да ги дознаат малите тајни за градење на успешна кариера во ИТ секторот.
На саемот за вработување и кариера, организиран од страна на Контакт.мк и Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, реномирана софтверска компанија ИТгма (www.itgma.com.mk) доби можност да се претстави пред студентите под мото „Од студент до врвен архитект“.
Студентите имаа прилика преку едукативно предавање одржано од страна на Јасмина Антиќ, менаџерот на човечки ресурси во ИТгма, да ги дознаат малите тајни за градење на успешна кариера во ИТ секторот, со една цел а тоа е младите лица од завршните години да бидат поттикнати да аплицираат за практична работа, да стапат во контакт со други компании и да станат дел од успешни приказни.
„Голема благодарност до организаторите за укажаната шанса да ја преставиме ИТгма на начин на кој што ќе ги охрабриме студентите кои ја поседуваат желба за стручно надградување и целат кон градење успешна кариера да направат прв чекор во своето кариерно усовршување. Покрај можноста за пракса, ИТгма нуди и бесплатно кариерно советување за сите студенти кои не знаат како да го најдат својот кариерен пат. Воедно ги покануваме сите учесници на саемот да ја посетат нашата соба утре во терминот од 11 часот кога нашите колеги Борис Каров и Габриела Тодоровска ќе зборуваат од техничкиот аспект и ќе им доловат на студентите како изгледа еден работен ден во ИТгма“ – истакна Јасмина.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.