Верица Ѓелевска е добитник на целосната стипендија за постдипломски студии на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје која ја доделува ИутеКредит Македонија.
Верица Ѓелевска ќе биде постдипломец на Факултетот за Деловна Економија и Организациони науки на насока Финансии и Банкарство благодарение на целосната стипендија за постдипломски студии која ИутеКредит Македонија ја доделува на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје.
Со својот досегашен успех во студиите по економија (насока – финансии и кредит) на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ и квалитетниот есеј на тема The Impact of New Technologies in Finance and Banking успеа да се издвои и да биде избрана за добитник на целосна стипендија за постдипломски студии на УАЦС.
За Верица квалитетното образование е нешто бесценето, а кога имате мотивација, упорност и посветеност не постои предизвик којшто не може да биде совладан, особено кога се работи за сопствениот развој.
ИутеКредит Македонија на Верица и посакува успешна студиска година, а на тековните и идни студенти им порачува редовно да ги следат каналите за комуникација на ИутеКредит Македонија за да бидат во тек со сите идни можности за стипендирање.
