Извршната Директорка на Триглав Осигурување – Живот, Вилма Учета Дузлевска, ја прими наградата „Business Elite Awards” бренд на „Global Top BrandsAwards”

од 24HR

Нејзината номинација следи по резултатите и неколкукратното зголемување на активите на компаниите кои ги управуваше во последниве децении.

Наградата за успешен бизнис лидер на настан организиран од познатата „Business Elite Awards” оваа недела во Истанбул,Турција на свечен церемонијален настан ја прими Вилма Учета Дузлевска, долгогодишен извршен директор и голем познавач во областа на осигурувањето.

Нејзината номинација следи по резултатите и неколкукратното зголемување на активите на компаниите кои ги управуваше во последниве децении.

Од октомври 2020 година, Вилма Учета Дузлевска презема нов работен ангажман како извршен член на Одборот на директори на Триглав Осигурување Живот АД Скопје. Во овој краток период, компанијата ја удвои својата позиција на пазарен удел а оваа година забележува најголем раст на пазарот за животно осигурување и по премија и по број на продадени полиси.

Наградите на  „Business Elite’s“ се заштитен знак на Global Brand Awards, основани во 1985 година во Торонто, Канада. Креирани се да го оценат и наградат успехот на бизнисмените низ светот и да ги поврзат меѓусебно, создавајќи една глобална мрежа  од млади бизнис лидери кои силно и сплотено ќе  имаат понатамошна можност за соработка и раст на компаниите кои ги претставуваат.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...