Како ко-основач и технички директор на FledgeWorks, Илија Јованоски открива за 24HR дел од технолошката визија на компанијата, нејзиното позиционирање на пазарот и плановите за иднината. Во ова ексклузивно интервју зборува за тоа како FledgeWorks го менува начинот на кој компаниите управуваат со човечките ресурси преку иновативни дигитални решенија.
Како се издвојува FledgeWorks на пазарот и која е неговата стратешка предност?
Во море од комплицирани HR решенија, FledgeWorks го нуди токму спротивното: платформа што е целосна, но едноставна, моќна, но лесна за користење.
Наместо само една функција – како регрутација или следење на работно време – FledgeWorks ги поврзува сите HR процеси на едно место. Од првиот контакт со кандидатот до развојот и задржувањето на најдобрите таленти – сè е покриено, а системот е интуитивен и јасен.
Ова е платформа за сите вработени, не само и исклучиво за HR. Нашите корисници не мора да бидат ИТ експерти и со неколку клика, можат сами да прилагодат процеси и да автоматизираат рутински задачи. Така HR тимовите имаат повеќе време да се фокусираат на стратегијата, културата и луѓето – таму каде што прават најголема разлика.
А кога зборуваме за иновации – ги имаме. Fledgy, нашиот паметен дигитален асистент, им помага на менаџерите за неколку минути да подготват индивидуални планови за развој, наместо да трошат часови.
Но она што навистина не издвојува? FledgeWorks е создаден од луѓе што го разбираат HR одвнатре. Платформата е градена со знаење за реални предизвици, законски рамки и динамиката на различни пазари. Не само технолошко решение – туку партнер за модерно, човечно и паметно управување со луѓето.
Како функционира FledgeWorks во позадина?
FledgeWorks е платформа што работи преку интернет (во „облак“), па може лесно да се користи од компјутер, телефон или таблет – каде и да сте.
Технички, системот е поставен на Microsoft Azure, а архитектурно платформата е дизајнирана модуларно, со модули за секој HR процес – на пример, еден се користи за регрутација, друг за следење на работно време, трет за евалуација. Тоа ни овозможува полесно да правиме подобрувања без да влијаеме на целата платформа.
Како се грижите податоците секогаш да бидат точни и достапни, дури и кога платформата расте?
Како cloud-базиран („во облак“) систем, во однос на податоците, FledgeWorks го наметнува принципот на поделена одговорност помеѓу нас и клиентите. Податоците остануваат во сопственост на клиентите, а ние се грижиме обработката секогаш да биде подложена на ригорозни контроли при внес, проверки за конзистентност и малициозен код.
Работиме преку повеќе сервери на различни локации, што значи дека платформата е стабилна и достапна дури и при непредвидени сценарија на нарушен континуитет во работењето. Имаме резервни сервиси, копии и безбедносни мерки кои веднаш се активираат.
Дури и кога компаниите растат и има повеќе податоци или корисници, платформата автоматски се прилагодува – без да забави или да изгуби перформанси. Сè е дизајнирано за да работи брзо, сигурно и без прекини.
Како се грижите чувствителните податоци да останат безбедни?
Кога станува збор за лични информации како податоци за вработување, плати или перформанси – нема простор за компромис. Безбедноста кај нас не е дополнителна опција, туку основа на сè што правиме.
FledgeWorks користи повеќеслојна заштита: сите податоци се чуваат безбедно во сертифицирани податочни центри на Azure, а корисникот добива пристап само до она што му треба според функцијата и хиерархијата. Пример – менаџерот може да ги види перформансите на својот тим, но не и нивните плати, доколку е поставена таква конфигурација. Системот е транспарентен и автоматски бележи што се случува, а ги заштитува податоците преку механизми на енкрипција при пренос и чување.
Системот е целосно усогласен со GDPR и води прецизна евиденција за сите активности. А за нашите клиенти, не нудиме само технологија туку и совети за тоа како правилно да ги заштитат податоците и внатрешно во својата компанија.
Како се грижите FledgeWorks секогаш да биде современ и стабилен?
Платформата е изградена така што може лесно да се надградува – дел по дел, без да се наруши целото функционирање. Користиме сигурна технолошка основа (Microsoft Azure) и автоматски тестови што ни помагаат да откриеме и поправиме проблеми уште пред корисниците да ги забележат.
Редовно го прегледуваме целиот систем за да видиме што навистина треба да се подобри – не следиме трендови по секоја цена, туку воведуваме решенија што навистина им користат на нашите клиенти. Така остануваме брзи, ефикасни и подготвени за раст.
Која е визијата за идниот развој на платформата?
Нашата цел е јасна – да им дадеме на HR професионалците вистинска стратешка улога во компанијата, а не само административна.
Работиме на тоа платформата да биде уште попаметна и поинтуитивна. Во блиска иднина, нашиот дигитален асистент Fledgy ќе помага и во креирање на огласи за работа, интервју прашања, onboarding планови и препораки за обука – работи што денес одземаат многу време.
Развиваме и алатки за напредна анализа – не само што ќе покажат што се случило, туку и ќе предвидат ризици, како на пример дали некој вработен би можел да си замине или каде има потенцијал за раст.
Платформата исто така ќе се прилагодува на секој корисник – без разлика дали е HR директор, менаџер на терен или вработен што работи од дома.
Нашата долгорочна визија? FledgeWorks да стане централно место за сè што е поврзано со луѓето во компанијата – од долгорочни вработувања до проектни тимови и надворешни соработници. Се на едно место.
Кои се идните трендови во HR технологијата и како FledgeWorks се прилагодува?
Светот на HR брзо се менува, а технологијата станува сè поголем сојузник. Само ова прашање заслужува цело посебно интервју, но еве, накратко кои се најважните трендови што ќе ги обликуваат наредните години и како FledgeWorks оди чекор напред.
1. Вештачка интелигенција што навистина помага
До крајот на 2025 година, според анализите, сè повеќе вработени ќе имаат доверба во алгоритми за објективна проценка на перформансите. Нашиот дигитален асистент Fledgy веќе им помага на менаџерите да креираат објективни и ефикасни планови за развој, и наскоро ќе ги поддржува и други HR процеси. Сепак, мора да се нагласи дека овде и ние и клиентите сме најчесто конзументи на скапи модели развиени од технолошките гиганти, и успехот ќе бара сеопфатен пристап кој ја адресира технолошката имплементација и разноликоста на AI моделите но и предизвиците поврзани со адаптацијата на луѓето кон новите услови!
2. Знаењето не смее да се изгуби со заминување или пензионирање
Како што искусните кадри излегуваат од системот, настанува јаз во експертизата (skill gap) и компаниите се соочуваат со ризик од губење вредни информации. FledgeWorks развива модули што го задржуваат и организираат внатрешното знаење, правејќи го лесно достапно за новите генерации.
3. Паметни контекстуални потсетници што ја унапредуваат комуникацијата
Не сите вработени комуницираат на ист начин. Затоа развиваме алатки што им помагаат на менаџерите да се прилагодат со мали, но навремени потсетници и насоки (“nudge tech”) што ја подобруваат интеракцијата во различни тимови.
4. Флексибилни структури – флексибилна платформа
Организациите стануваат сè помалку хиерархиски. Потребна е алатка што не го ограничува начинот на работа, туку го поддржува. FledgeWorks овозможува прилагодлива организациска структура и непречена соработка меѓу оддели и тимови.
5. Безбедноста и регулативата се неприкосновени
Во време кога довербата е клучна, не постои компромис со безбедноста на податоците. FledgeWorks е изграден со целосна усогласеност со европските стандарди, со стабилна безбедносна инфраструктура и алатки што овозможуваат сигурно и паметно планирање на работната сила.
Заклучок
FledgeWorks не само што го следи темпото на промените во HR, туку го поставува.
Со иновации што одговараат на реалните предизвици на модерните компании и со искрено разбирање за секојдневието на HR професионалците, создаваме решение што навистина прави разлика.
Нашата платформа не е само алатка, таа е партнер што расте со вашата организација, обезбедува сигурност, леснотија во користење и постојано се надградува за да ги следи потребите на утрешниот работен свет. FledgeWorks е тука да помогне HR да биде она што отсекогаш требало да биде: движечка сила на организацискиот успех.
Контакт и повеќе информации
Повеќе информации за платформата, функционалностите и можноста за демонстрација можете да најдете на:
🔗 Веб-страница: www.fledgeworks.com
📅 Закажете демо: fledgeworks.com/book-a-demo
📧 Контакт е-пошта: info@fledgeworks.com
Следете ги активностите и новостите од FledgeWorks на социјалните мрежи:
LinkedIn | Instagram | Facebook
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.