Кажете им #Благодарам на Вашите вработени со тоа што ќе им поклоните квалитетно време со нивните најмили.
Благодарноста е научно докажано дека ја менува состојбата во која се наоѓаме, го менува начинот на кој се чувствуваме и има висока корелација со општата благосостојба, а истото е подкрепено со многубројни истражувања.
Со овој текст сакам да ја отворам можноста за збогатување на препознатливите чоколадни новогодишните пакетчиња со среќни сеќавања, да ги поканам компаниите да ги збогатат новогодишните пакетчиња за дечињата со интерактивната книга #Благодарам, а на подарок ќе добијат игра, карти, картички, домино и предизвик #Благодарам. Верувам дека со помалку чоколади и книга бенефитот ќе биде на двете страни, на вашите вработените ќе им подарите квалитетно време поминато со нивните најмили во кое ќе согледаат дека во животот имаат многу работи кои заслужуваат и славење, а тоа ќе им го подобри и расположението. Со подобрено расположение и задоволни ќе дојдат на работа, а науката потврдува дека задоволни и расположени вработени имаат подобри резултати, што дирекно влијае на резултатите на компанијата.
Покрај сите работи кои ги обезбедуваме за нашите деца, топол дом, облека, храна, играчки, одмор… ние на дар им го даваме и нашиот став кон животот. Со оваа книга која е наменета да им биде поддршка на родителите во градење на позитивното размислување кај децата и самите родители ќе имаат можност да го погледнат сопствениот живот со нови очи, да погледнат што сѐ има добро во него. Самата книга е интерактивна со искажување на благодарност на различни теми од една страна детето и од друга страна родителот. Со активно партиципирање во книгата родителите ќе имаат можност со децата да поразговараат на различни теми, да видат како децата им размислуваат и да ги носат кон вистински вредности. Како финален резултат од книгата ќе биде тоа што истата ќе остане во семејството како споменар во кој ќе бидат забележани сите значајни работи кои им го правеле животот поубав.
Поривот да ја напишам книгата се јави од моето воодушевување од НЛП (неуролингвистичко програмирање – методологија за личен и професионален успех произлезена од истражувањата што е клучната разлика помеѓу успешните и не толку успешните луѓе и како да се премости тој јаз) од една страна и од друга страна моите две дечиња кои во мене ја разбудија желбата за адаптирање на знаењето стекнато во НЛП едукацијата за најмладите со приказни блиски до децата.
Интерактивната книгата #Благодарам има 72 страни, тврда корица, во 2018 беше на листата најпродавани 20 книги преку www.kupikniga.mk, во првата година го доживеа и своето реиздание, додека третото издание е со фондот за дислексија за инклуција на дечињата со дислексија, запознајте ја во ова едноиолминутното видео на следниот линк.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.