петок, февруари 20, 2026
Почетна КолумниКога работната сила станува луксуз(HR и демографската криза на Балканот)

Кога работната сила станува луксуз(HR и демографската криза на Балканот)

by 24HR

Колумна на Лилјана Кочоска извршна директорка на компанијата “Unity HR Center” https://unityhrcenter.com/

Ако се обидеме да најдеме еден збор што најдобро ја опишува состојбата на пазарот на трудот, тој збор би бил дефицит. Дефицит на работна сила. Секојдневно сум сведок на последиците од демографските трендови кои се немилосрдни: компании кои не можат да напредуваат затоа што нема кој да работи, економијата особено секторите како туризмот, угостителство, градежништвото, производството и логистиката – не може да чекаат „подобри времиња“.

На Балканот за странската работна сила сè уште се зборува како за привремено решение. Како за „нужно зло“.  Како некој што професионално се занимава и со регрутација на работна сила од странство и од регионот, морам тоа да го кажам јасно: таквото размислување е погрешно и економски неодржливо.

Ако сакаме одржлива иднина за нашите компании и за нашиот регион, мора да престанеме да го третираме недостигот на работна сила како привремен проблем. Демографската криза е реална. Потребата од странска работна сила не е прашање на избор, туку прашање на опстанок на деловните системи и како дел од буџетски најпрофитабилните области.

Преку работата со клиентите гледам дека компаниите кои успеваат имаат нешто заедничко: сфатиле дека работната сила не е трошок што треба да се намалува, туку ресурс што треба да се негува. Тие инвестираат во брендот на работодавачот, во развојот на кариерата на вработените, во флексибилни модели на работа и во создавање култура во која луѓето остануваат, затоа што гледаат смисла.

Голем проблем е неусогласеноста на регулативата со реалните потреби на пазарот. Постапките често се бавни, фрагментирани и непредвидливи. HR професионалците и работодавачите се наоѓаат меѓу притисокот на бизнисот и ригидниот систем кој не ја препознава итноста на ситуацијата. Резултатот е губење на кандидати, одложување на проекти и директна финансиска штета.

Времето на импровизација помина. Странската работна сила ќе остане дел од нашите пазари на труд, без разлика дали ние сме подготвени за тоа или не. Прашањето е само едно: дали ќе ја дочекаме неподготвени, или конечно ќе изградиме професионален, одржлив и хуман систем кој им користи на сите- и на работодавачите и на работниците.

Related Posts

Leave a Comment