Колкав износ на К-15 им следува на вработените во 2022

од 24HR

Од 1 јули до 31 декември 2022 компаниите имаат законска обврска да им исплатат регрес за годишен одмор (К-15) на вработените во приватниот сектор.

Крајот на годината е период кога на вработените во приватниот сектор треба да им се исплати регрес за годишен одмор популарно познат како К-15.

Право на регрес за годишен одмор (К-15) имаат сите вработени во приватниот сектор кои работеле кај ист работодавач најмалку шест месеци во текот на календарската година.

Износот на К-15 е различен секоја година и зависи од движењето на просечната нето и бруто плата во државата.

Според Колективниот договор, основицата за пресметување на регресот за годишен одмор на работниците преставува просечната месечна нето-плата по работник во Македонија исплатена во последните три месеци.

Минималниот износ на К-15 не треба да биде помал од 40 проценти од просечната нето плата во последните три месеци додека пак максималниот износ треба да биде до 40 проценти од просечнтата бруто плата во последните три месеци, пресметана од страна на Државниот завод за статистика.

Според последните податоци на ДЗС, износот на К-15 треба да изнесува минимум 12.740 данари, а маскимумот треба да е 19.055 денари.

Овој износ важи за работодавците кои К-15 ќе исплатат до моментот кога ДЗС ќе објави нови месечни податоци за движењето на нето и бруто платата во Македонија. 24HR ќе ги ажурира податоците на месечно ниво со цел да им овозможи релевантни и точни информации на компаниите.

Крајниот рок за исплата на К-15 е 31 декември 2022 година, а за работодавците кои нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, законот предвидува казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра за компанијата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.

5 коментари
1

Related Posts

5 коментари

Daniela Mitrevska Stankovska ноември 5, 2022 - 11:34 pm

dali ako 6meseci si na edno rabotno meato i potoa napustis ,dali ti sleduva k15 sporef zakon ili zz,ako gazdata saka ke ti dadd ,bez razlika sto ne rabotis poveke ???🤔🤔🤔

Врати
Mirce декември 10, 2022 - 10:20 pm

Dali vrabotenite vo Javnite Firmi ke dobijat K15

Врати
Deni Trajkovski декември 12, 2022 - 8:32 am

i jas istoto sakam da znam dali posle 4 god. raboten odnos na neopredelen period. ako dadesh otkaz vo sredinata na posledniot mesec od godinata, ti sleduva k15 ili regres za god. odmor.
iako mislam deka zakonski e ako imash povekje od 6 meseci raboteno vo istata kompanija po zakon. kako na site ,taka i na sebe treba da se isplati k15.
?!?

Врати
Љубиша јануари 3, 2023 - 8:53 pm

Дали следува К-15 за вработена во приватна фирма, која поради бременос е спречена да оди на работе во текот на целата 2022 година, а во истата фирма работи и во предходните 5 год

Врати
Боби февруари 15, 2023 - 5:13 pm

мене не ми исплатија к15-регрес,а бев 8 месеци константно на работа

Врати

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...