Мајорел Скопје награден со признание за Бизнис лидер за 2022 година

од 24HR

Мајорел Скопје со задоволство го објави своето престижно достигнување да биде признаен како Бизнис лидер во Македонија за 2022 година. Посветеноста, извонредноста и одличните перформанси на компанијата им донесоа посакувано место меѓу првите 500 најголеми компании во Република Македонија, врз основа на вкупните годишни приходи за 2022 година.

Признанието „Бизнис лидер во Македонија“ е доказ за посветеностa на Мајорел за испорака на исклучителни услуги и решенија за своите клиенти. Тоа е резултат на колективните напори и стремеж кон извонредност од страна на целиот тим вo Мајорел.

Ова признание ја истакнува извонредната работа и достигнувањата на Мајорел во текот на претходната година, потврдувајќи ја неговата силна позиција на пазарот како водечки играч во земјата. Служи како симбол на доверба, сигурност и компетентност, што го прави Мајорел претпочитан избор за потенцијалните партнери кои бараат одговорна и ефективна соработка во регионот.

Елена Мановска Генерален Менаџер на Мајорел, ја изрази својата благодарност, велејќи: „Ова признание е доказ за напорната работа, посветеноста и истрајноста на целиот наш тим. Горди сме што го добивме признанието „Бизнис лидер во Македонија“, коe ја потврдува нашата посветеност за обезбедување на врвни услуги и одржување на највисоките стандарди на извонредност, истовремено подржувајќи го развојот и растот на македонската економија.

Како дел од топ 500 бизнис лидери во Македонија, Мајорел го демонстрира своето длабоко влијание врз локалната економија преку создавање значителни можности за вработување. Посветеноста на компанијата за поттикнување позитивна работна средина резултираше со признавање и доделување сертификат „Great Place to Work“ од страна на меѓународниот истражувачки и консултантски институт Great Place to Work. 

За Мајорел:

Мајорел е интернационална компанија со повеќе од 82 000 вработени во 45 земји ширум светот, обезбедува корисничка поддршка за едни од најпознатите светски брендови. Канцеларијата во Скопје обезбедува корисничка поддршка на германски и англиски јазик за клиенти од туристичката и телеком индустријата.

Сертификат за бизнис лидер во Македонија:

Сертификатот „Бизнис лидер во Македонија“ е престижно признание што им се доделува на најдобрите 500 компании во Република Македонија врз основа на нивните извонредни финансиски перформанси, влијание на пазарот и севкупниот придонес во економскиот раст на земјата. Сертификатот „Бизнис лидер во Македонија“ го доделува Таргет Груп.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...