сабота, декември 27, 2025
Почетна НовостиМакпетрол е најпосакуван работодавач меѓу нафтените компании

Макпетрол е најпосакуван работодавач меѓу нафтените компании

by 24HR

На неодамнешната анкета на интернет-порталот vrabotuvanje.com.mk, „Макпетрол“ се најде на првата позиција како најпосакуван работавач меѓу нафтените компании во земјава. Половина од испитаниците се изјасниле дека доколку би требало да се вработат во овој бизнис-сектор, прв избор би им бил „Макпетрол“.

Според дел од коментарите, „Макпетрол“ е најстабилна компанија во која се почитува законот за работни односи и платата е солидна.

„Отсекогаш биле услужливи, коректни кон клиентите и колку што сум видел секогаш владее солидна комуникација помеѓу вработените. Би прифатил да работам веднаш“ – се истакнува во анкетата на vrabotuvanje.com.mk.

Следејќи ја долгогодишната стратегија, „Макпетрол“ и изминатава година на вработените им овозможи професионално да напредуваат и да се развиваат. Светската пандемија креира вонредни услови на функционирање, но и покрај тоа, компанијата обезбеди нови вработувања за 150 лица.

Related Posts

Leave a Comment