Mојата главна цел на работење, но и животна цел ми е да работам за да ги препознаеме, разбереме и подобриме и исполниме потребите на луѓето од различни аспекти

од 24HR

Прочитајте ја приказната за љубовта кон човечките ресурси М-р Марија Конеска основач на Consulting for HR DOOEL Skopje од 2019 година и Центар за развој, едукација и советување МАША МАРИЈА Скопје од 2014 година.

Долгогодишно искуство во работа со луѓето и нивните потреби како психолог, психотерапевт, едукатор и консултант за обука и развој на вработени. Во областа за човечки ресурси активно работи како надворешен консултант и обучувач каде главна преокупација и се потребите на луѓето во компаниите и надвор од нив.

Што ве натера да се вљубите во HR како професија?

Човечки ресурси за мене е повеќе од професија. Таа е секојдневие кое се живее во секоја комуникација со луѓето, бидејќи тие се центарот на се. Самата професија за мене значи грижа за потребите на луѓето, па како психолог, мојата главна цел на работење, но и животна цел ми е да работам за да ги препознаеме, разбереме и подобриме и исполниме потребите на луѓето од различни аспекти. Бидејќи човечкиот ресурс за една компанија е најскап и воедно најпотребен без кој не би постоела, грижата за него преку оваа професија носи огромни придонеси на многу повисоко ниво. Вљубеноста е во луѓето, онаа која сите треба да ја поседуваме!

Од каде почнавте и како изгледаше вашата кариерна патека?

Почнав од слушањето на Академијата за човечки ресурси во Creative Hub, каде подетално се запознав со битноста на човечкиот ресурс како работник во компаниите, каде се пронајдов дека и дотогаш истото тоа сум го работела, само не било наречено така. После моето завршување, јас креирав нова Програма за Talent Acquisition кој го водев подолго време во Creative Hub, но во меѓувреме ми се роди и желбата да направам нешто свое и уникатно кое ќе помогне и даде на пошироко ниво вредност за човечкиот ресурс. Така, 2019 година ја отворив мојата фирма Consulting for HR DOOEL Skopje. Како консултант кој се сертифицираше и како Интернационален тренер и обучувач и уште многу сертификации по одредени програми од областа на HR низ светот, креирав повеќе Програми за едукација на вработени во сектор HR, како и Програми за издигнување на човечките ресурси во нашата држава на повисоко ниво. Преку Consulting for HR DOOEL Skopje, реализирани се многу обуки, тим билдинзи, курсеви, онбординг програми, стратегии за компании, анализи и сл на кои сум горда и имаме експертски висок успех и придонес во компаниите во Македонија и надвор од Македонија.

Кое е вашето најголемо достигнување во областа на човечките ресурси?

Се е достигнување кое носи повеќе и повеќе со секој следен чекор. Неможам да ги двојам, бидејќи сите поврзано носеле поголем и поголем придонес за луѓето како ресурс. Можеби можам да ги издвојам Психолошките анализи и обуки кои дирекно влијаеле и дале придонес кој бил брзо видлив не само на вработените, туку и на целата компанија.

Што би им порачале на сите кои размислуваат за кариера во HR?

Би им препорачала да се насочат на потребите на луѓето и нема да згрешат во работењето на било кој аспект од човечки ресурси.

Што мислите за порталот 24ХР?

Порталот 24HR е одличен портал на кој било кој што се занимава со HR може да најде секакви информации во однос на своите потреби. Доста богат со колумни, блогови, реклами и широк опсег на информации на едно место за сите HR-ровци.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...