Начин и услови за откажување на Договорот за вработување од деловни причини

од 24HR

Правна анализа на пресудата на ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ (Основен Суд Скопје II Скопје) РО -1356/15 од 17.12.2015 година

1. Правни прашања

2.1.         Под кои начини и услови Работодавачот може на Работникот да му го откаже Договорот за вработување заради деловни причини ?

  • Работникот задолжително да има засновано работен однос на неопределено работно време.
  • Работодавачот може на Работникот да му го откаже договорот за вработување заради економски, организацииски, технолошки, структурни или слични причини на самиот работодавач, но истите мора да бидат јасно изразени и поткрепени со соодветни докази.
  • Јасно, транспаретно, целосно и темелно почитување на роковите за спроведување на процедурата за прогласување на Работник за технолошки вишок. 

Основниот суд утврдува дека:

  • Работодавачот спровел процедура за прогласување на Работникот за технолошки вишок, но истата ја спровел на несоодветен начин и тоа конкретно извршил не соодветно бодување според уврените критериуми, каде што до Работодавачот до Работникот се обратил на маил на ден 05.11.2023 година се со цел истиот да достави потврда со која би се утврдила неговата семејна, економска и социјална положба и тоа со рок на достава до 11.11.2023 година, а притоа истиот без да го испочитува зададениот рок , веќе на истиот ден ја донел листата за бодирање.
  • На листата за бодирање двајца Работници се со ист број на бодови, а притоа во меѓувреме на Работникот кој бил едно место погоре бодиран од Тужителот, му престанал работниот однос, а ново бодирање воопшто и не било спроведено .

 Клучна законска одредба

Основниот Граѓански суд Скопје се повикува на член 95 од Законот за работни односи и тоа конкретно во делот на законитоста на спроведувањето на самата постапката за откажување на договорот за вработување од деловни причини, како и почитување на роковите.

Постапка и критериуми за споведување на постапката за откажување на договорот од деловни причини

Во конкретниов случај станува збор за поединечно отпуштање од деловни причини, преку намалување на бројот на Работници (извршители), каде во овие услови отпуштање од деловни причини се одвива во неколку т.н фази и тоа:

  1. Одлука за спроведување на постапка за откажување на договорот за вработување  од деловни причиниКаде што преку истата се известуваат Работниците на определен сектор, оделение и слично, дека заради технолошки, економски, организациони, структурни и слични промени.
    1. Првилник за утврдување на структурата и бројот на работниците на кои треба да им престане работниот однос од деловни причини
      1. Има за цел да ги објасни причините заради кои се спроведува постапка за отказ од деловни причини, за кој сектор, оделение и слично се однесува истата,  за колку лица би се намалил бројот на извршители и критериумите и начинот на бодирање според кој ќе се спроведе постапка за мерење на работните перфрманси на работниците.
    1. Приказ за утврдување на работни перформанси на Работниците
      1. Претстаува шематски приказ за начиот на бодирање, како и бројот на освоени бодови
    1. Правилник за систематизација на работните места
      1. Се впишува променетиот број на работници
    1. Одлука за престанок на работен однос  на работници од деловни причини
      1. Претставува правен акт во кој е извршено сумирање на работните перформанси на бодувањето на Работниците
      1. Се впишува кој Работник е прогласен за технолошки вишок и се утврдуваат неговите права
    1. Известување за престанување на потребата од работа на работниците заради помош и посредување при вработување
      1. Се доставува до подрачната единица на Агенцијата за вработување на РСМ
    1. Одлука за откажување на договорот за вработување на работникот од деловни причини со отказен рок
      1. Преставува поединечна одлука за секој работник кој се доставува до работникот кој е прогласен за технолошки вишок
      1. Се доставува лично или по препорачана пошта
      1. Отказен рок 30 дена откако истата му е врачена или ја има примено конкретниот Работник

Заклучок

Оваа пресуда е пример за соодветна и темелна примена на Законот за работни односи, особено во делот на одредбите кои ги штитат Работничките права и им укажуваат на Работодавачите дека мора да ги почитуваат правилата и процедурите за откажување на Договорот за врботување од деловни причини.

  • Практично значење на оваа пресуда
  • Го одвраќа Работодавачот од злоупотреба на процедурите и правилата.
  • Ги охрабрува Работниците да повеќе да се информираат за своите права.
  • Ја афирмира независноста и кредибилитетот на судските постапки кои се однесуваат на трудовото право.

Фросина Вучкова

Адвокатски приправник во Адвокатска канцеларија Марија Стојановска

www.legaloffice.mk

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...