KARIERA.mk со задоволство ве информира за сите отворени работни места! Доколку итно бараш работа, ова е содржина која задолжително треба да ја прочиташ. Твојата апликација за новото работно место е одлука за промена и унапредување на твојот кариерен пат!
Повеќе од 1.100 вработени, под брендот А1 Македонија, се грижат за обезбедување на најдоброто корисничко искуство за над 1.200.000 корисници. Токму овој период од годината, регрутираат нови членови во скоро сите тимови од компанијата. ТУКА, можеш да ги погледнеш отворените работни места и деталите за нив.
Флекс Кредит ДОО Скопје е Македонска небанкарска финансиска институција. Компанијата обезбедува брзи потрошувачки кредити/заеми, преку онлајн аплицирање и преку нашите филијали рапространети низ целата територија на република Северна Македонија.Флекс Кредит ДОО е дел од меѓународна финансиска група, која од 2013 година обединува компании специјализирани за кредитирање на потрошувачи во Источна и Јужна Европа. Во компанијата работат над 2.000 високо квалификуван кадар и соработници, кои работат во над 130 филијали во четири европски земји -Бугарија, Романија, Македонија и Шпанија. Имаат отворено 2 нови работни позиции:
Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.
Имаат отворено 2 работни позиции: ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / НОВО СЕЛО СТРУМИЦА и ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / БИТОЛА
Рамсторе Македонија е ланец од 29 маркети и 1 онлајн маркет “Рамсторе до дома” кој ги искористи можностите на пазарот на труд да се докаже како работодавец кој нуди успешна кариера за своите вработени. Погледни ги сите отворени работни места во РАМСТОР ТУКА.
ЖИТО маркети вработувааат продажен персонал за повеќе локации низ цело Скопје и АСИСТЕНТ НА ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР
KAM MARKET доо е основан во Скопје во 1999 година, како трговско претпријатие кое започна со само еден маркет во Градскиот трговски центар. Називот КАМ е скратеница од презимето на основачот Гоце Камчев. КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени.
Присутни сме во три земји со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа.
Credi Yes е нова, современа брзорастечка компанија во областа на микрокредитирање на физички лица во Македонија. Поради брз раст, развивање и извршување на својата дејност потребен е Менаџери во Филијала Битола, Скопје, Гостивар и Прилеп за советување на клиенти за брзи потрошувачки кредити.
Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација – Balkan Finance Investment Group. Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa. Во моментов вработуваат РЕФЕРЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА во СТРУМИЦА И РАДОВИШ.
Compass Management International е во потрага по COLLECTIONS REPRESENTATIVE во Куманово.
Сите останати активни огласи, можете да ги погледнете на KARIERA.mk
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.