Наши луѓе, наши приказни: Татјана Кацарска Станоевска, Советник за човечки ресурси

од 24HR

Татјана Кацарска Станоевска е наша колешка и советник во Секторот за човечки ресурси, со работно искуство во НЛБ Банка од една година и три месеци. Со својата посветеност, ентузијазам и исклучителна заинтересираност за системот за управување со перформанси, Татјана активно придонесува за подобрување на интерните процеси во банката. Надвор од работното време, особено за време на викендите и одморите, таа го негува својот креативен дух. Дел од своето слободно време го посветува на творење – хоби што ѝ овозможува да го изрази својот талент и да внесе уметничка нота во сè што прави.

Љубовта кон пишаниот збор кај Татјана се јавува уште од најрана возраст. Прво започнува со поезија, преку која ги изразува своите мисли и чувства. Подоцна, нејзината креативност се проширува и кон пишување текстови за песни. Има напишано значителен број на текстови за песни, од кои две се музички обработени, со музика и аранжман. Иако овие творби сè уште не се официјално објавени, тие претставуваат важен дел од нејзиниот уметнички израз.

Сепак, првите објавени дела достапни за пошироката публика се двата романи: Љубов, море и лимончело“ и „Денот кога првпат облеков сари“ – книги кои, со својот стил, искреност и хумор многу бргу ги освоија срцата на читателите.

Двата романи се издадени во соработка со македонска издавачка куќа, а нивната содржина е лесно прифатлива – полна со топлина, духовитост и животни ситуации во кои секој може да се пронајде. Напишани се со современ, лежерен стил, искрен хумор и реални емоции, со цел да насмеат, расположат и инспирираат. Токму поради таа автентичност и лежерност во раскажувањето, нејзините романи бргу го освојуваат читателот и оставаат впечаток што трае долго по затворањето на последната прочитана страница.

Пишувањето многу ми помага во професионалниот живот – ми носи смиреност, ми овозможува подобро да ги формулирам мислите и полесно да се справувам со предизвиците“, вели Татјана. „Особено сум среќна што сум дел од институција како НЛБ Банка, каде што се негува рамнотежата помеѓу професионалниот и приватниот живот, а воедно се поттикнува и професионален и личен развој. Поддршката од мојот тим ми значи многу – тоа е уште еден доказ дека сите наши приказни се заеднички“, ни раскажа таа.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...