Настан кои отвори нови перспективи за иднината на регрутирањето и управувањето со човечките ресурси

од 24HR

Конференцијата Shaping Tomorrow’s Workforce, која се одржа na 16.10.2024, беше вистински успех, привлекувајќи учесници од над 50 компании, меѓу кои регрутери, HR професионалци, директори и TA менаџери. Оваа конференција, организирана од ITtude, водечка компанија за регрутирање и управување со човечки ресурси во регионот, понуди уникатни можности за учење и размена на искуства преку програма исполнета со инспиративни предавања и интерактивни сесии.

Настанот отвори нови перспективи за иднината на регрутирањето и управувањето со човечките ресурси, со теми како емоционалната интелигенција, човечката поврзаност, поставувањето на граници во професионалниот живот и усогласувањето на личните вредности со корпоративните цели. Сите учесници беа целосно вклучени и придонесоа за иновативни дискусии кои оставија траен впечаток.

Одличната енергија и иновативните идеи што беа споделени од говорниците, Љубинка Такашманов, CEO во ITtude; Ана Салтирова Давидовски, основач на PersonalChoice; Дејан Маџоски, HR Директор во NLB Банка; Радица Гарева, CRO во ITtude; и Сашо Гарев, COO во ITtude, беа пресудни за успехот на настанот. Благодарение на поддршката од нашите спонзори, НЛБ Банка, 24HR, Vitalia и Стокомак, оваа конференција постави нови стандарди за идни конференции и настани од оваа природа.

Како организатори, искрено им се заблагодаруваме на сите учесници кои ја направија конференцијата толку влијателна и успешна. Вашето учество, прашања и коментари придонесоа за создавање на нови идеи и отворање пат за понатамошни иновации.

По успешниот завршеток на конференцијата, со задоволство најавуваме нов Mindfulness тренинг, кој ќе се одржи во средината на ноември. Овој тренинг ќе ви помогне да ја подобрите вашата продуктивност, управување со стресот и личниот развој, и е клучен за подобрување на тимско работење, благосостојба, и одлична култура за сите вработени. Ова воедно претставува и продолжување на ITtude мисијата за создавање подобри работни услови и посилна иднина за сите.

За повеќе информации и регистрација за идните настани, не двоумете се да не контактирате на contact@ittude.one.

Голема благодарност до сите говорници и учесници – заедно го обликуваме утрешниот ден!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...