Никој не доаѓа да те спаси, и тоа е факт!

од 24HR

Колумна на Викторија Јордановска основач и мастер тренер во Vienna International Academy of NLP (VIANLP)

За да напредуваме и да водиме исполнет живот, верувам дека треба да ја негуваме најважната врска во нашиот живот – онаа што ја имаме со самите себе!

Ги живееме во последните денови од мај. Не е најтопло, често врне, но е вистинска пролет и сѐ е раззеленето. Sun is shining, the weather is sweet 🎶🎶🎶🎶🎶🎶, како што пее Боб Марли… вистинско уживање. 🌷

Да почнеме…

Обично избегнувам да зборувам за здравјето на ова место, но ова се времиња кога неколку блиски луѓе се борат со рак, други со прегорување и автоимуни болести. Овие состојби стануваат глобални епидемии и чувствувам потреба да споделам некои мисли кои ми се мотаат низ глава.

Можеби се прашуваш зошто ги пишувам овие зборови на платформа како 24HR – место кое е резервирано за професионални успеси, совети и развој. Но за мене, здравјето е темелот врз кој се градат сите наши професионални и лични успеси. Без него, сè друго избледува.

Во трката за успех, достигнувања, пари, признание… каде она што го правиме никогаш не е доволно, кога се стремиме постојано да бидеме нешто повеќе… а, копнееме да бидеме видени, слушнати, ценети – често ја загрозуваме врската со самите себе. Тогаш се отвора пукнатина и како да отвораме врата и ја каниме болеста на гости. Токму тоа ми се случи мене и моментално го гледам околу себе кај луѓето што ги сакам и кај моите клиенти.

Мојата намера овде е да те инспирирам да дадеш приоритет на своето здравје, со надеж дека ќе те допре на лично ниво и ќе преземеш акција, за да се спасиш себеси. Затоа што никој не доаѓа да те спаси, и тоа е факт!

Глобалната криза на благосостојбата: Повик за будење!

Сакам да споделам неколку бројки, за да можеш сам/а да видиш и почувствуваш.

Во 2022 година, Светската здравствена организација пријави околу 20 милиони нови случаи на рак и 9,7 милиони смртни случаи [СЗО, 2024]. Според нив, околу 1 од 5 луѓе ќе развие рак во текот на животот, а приближно 1 од 9 мажи и 1 од 12 жени ќе починат од оваа болест. Ова статистика е тука да нè отрезни и погодува директно во сржта. Ракот не е само далечна статистика – тој е личен проблем. Без разлика дали е близок, колега или ние самите, сите познаваме некој погоден од оваа болест.

Што е со прегорувањето? Според истражување на DHR Global, околу 82% од вработените ширум светот биле изложени на ризик од прегорување. Извештајот на Mercer (консултантска фирма за човечки ресурси) за глобалните трендови на таленти за 2024 година, покажува дека околу 43% од таа група го навеле финансискиот притисок како фактор, 40% рекле исцрпеност е причината, а 37% се бореле со прекумерен обем на работа.

Во последните 20 години, автоимуните болести нагло се зголемиле. За одредени состојби има зголемување од 4–46% и најпогодено е населението во индустријализираните земји. Технолошкиот развој придонесува промени во околината (загадувачи, процесирана храна) и промени во животниот стил (седечко однесување – работа додека седите, време пред екран), додека корпоративниот стрес – засилен од постојаната поврзаност и прегорувањето – поттикнува хронично воспаление и имунолошка дисрегулација.

За мене ова е шокантно и едно прашање што постојано ми е на ум е: Што правиме во врска со ова?

Сега, кратка пауза со неколку соопштенија:

  • Првиот вебинар Внатрешна експедиција беше магично искуство за сите. Подолу можеш да видиш дел од тестимонијалите на учесниците.

Почасти се себеси овде и купи си карта за следниот вебинар Внатрешна експедиција кој ќе се одржи на 12 јуни во 18 часот. Доживеј го и ти патувањето навнатре и запознај се себеси. Можеш и да подариш учество на твојот најдобар пријател или пријателка – цената е вистински достапна за секој!

Мојата намера е: сакам да го видам секој човек како длабоко се сака себеси.

Две групи ќе го започнат своето трансформативно НЛП патување во октомври 2025 година, една во Скопје и една во Виена. Работам во мали групи. За да се приклучите на мојата трансформативна програма за НЛП Практичар и да ја создадете личноста што сакате да бидете, тогаш пријавете се на листата на чекање, и јас ќе ве контактирам.

Ајде сега да продолжиме,

Интелигенцијата на вашето тело: Болката е поштар

Раното откривање, а уште поважно превенцијата, често зависи од тоа дали ќе се наштелуваме да го слушаме нашето тело пред да биде предоцна. Иако не можеме да контролираме сè, има нешто моќно што можеме да го направиме: да го слушаме нашето тело и да ја негуваме најважната врска што ја имаме – онаа со самите себе.

Нашето тело има своја интелигенција, и IQ, академските титули или позиции немаат никаква врска со таа интелегенција!

Тоа постојано ни зборува преку сензации како болка, трнење, замор или било каква непријатност. Ова не се случајни вознемирувања – тие се итни пораки што сигнализираат дека нешто не е во ред.

Но, како ние реагираме? Премногу често, кога нешто боли најлесната опција е да се напиеме апче. Со тоа го маскираме симптомот, го убиваме поштарот и продолжуваме. Болката не е непријател – таа е поштар што носи важни вести: нешто внатре бара внимание!

Кога ги игнорираме овие сигнали, се отуѓуваме од нашите тела. Се закопуваме во повеќе работа, повеќе спорт, повеќе скролање, повеќе одбегнување – било што за да избегнеме да почувствуваме што навистина се случува внатре. Така ја покануваме болеста! Да, ние сме одговорни за болеста – знам дека звучи сурово, но време е да ја прифатиме одговорноста за нашето здравје! Со замолчување на болката наместо решавање на причината, ризикуваме да го затруеме нашиот систем и да се оддалечиме од врската што е најважна: онаа со самите себе.

Хроничниот стрес, самокритиката и емоционалното занемарување не само што нè исцрпуваат ментално – тие го ослабуваат нашиот имунолошки систем и нè прават физички ранливи. Негувањето на врската со себе не е луксуз; тоа е неопходност за преживување. Кога не ги слушаме и не се грижиме за нашите потреби, на болеста и постиламе црвен тепих.

Те молам, освести се дека игнорирањето на молбите на твоето тело е предавство на твојата благосостојба.

Како да слушаш и да превенираш: Практични чекори

Како да престанеме да бидеме „идиоти“ кон себе?

Процесот започнува со слушање и преземање акција. Еве неколку практични начини да го слушаш своето тело и да ја негуваш таа витална врска:

  • Почитувај ја болката: Кога нешто боли постојано, не го замолчувај – истражи го. Болката е начин на твоето тело да каже: „Промени нешто.“ Посети лекар ако болката трае.
  • Закажи прегледи: Раното откривање може да направи голема разлика. Рутинските прегледи можат да ги фатат проблемите навремено, пред да се влошат.
  • Внимавај на животниот стил: Намали ги факторите на ризик со здрава исхрана, активност и намалување на тутунот или прекумерниот алкохол. Твоето тело ќе ти биде благодарно.
  • Практикувај свесност: Медитација, пишување дневник или прошетка во природа може да ти помогнат да чуеш што зборуваат твоето тело и ум.
  • Управувај со стресот: Најди здрави начини – вежбање, хоби или коучинг/терапија – за да го спречиш стресот да го наруши твоето здравје.

Ова не се само задачи; тие се акти на самоуважување и самогрижа. Самољубието не е луксуз, тоа е задолжително! Малите, конзистентни чекори можат да ја трансформираат твојата врска со себе и твоето здравје.

За да ја истражиш моменталната состојба на твојата благосостојба на работа и да почнеш да се спасуваш себеси, те канам да одговориш на следните прашања:

  • Како поставуваш граници за да го заштитиш своето време и енергија од стресот поврзан со работата?
  • Кои практики за самогрижа ги вклучуваш секојдневно за да го одржиш твоето физичко и ментално здравје?
  • Дали ефективно делегираш задачи за да избегнеш прегорување и да се фокусираш на приоритетните одговорности?
  • Дали осигуруваш редовни паузи за да се наполниш за време на работниот ден?
  • Кои чекори ги преземаш за да создадеш поддржувачка работна средина што го става твоето здравје и здравјето на твојот тим на прво место?
  • Дали бараш фидбек или поддршка од ментори или колеги за да се справиш со предизвиците без да го загрозиш своето здравје?
  • Како го усогласуваш својот работен распоред со личните здравствени цели, како спиење, вежбање или свесност?

Следниот пат кога твоето тело шепоти или вика – слушај!

Можеби се обидува да ти го спаси животот.

За крај,

Мојата порака за месец мај е:

Твоето здравје е твоето најголемо богатство!

Донирај за Кочани:

Можеш и ти да помогнеш на преживеаните, нивните семејства и семејствата на жртвите. Донирај. Кој колку може и како може 👇

https://supportkocani.com/?fbclid=PAZXh0bgNhZW0CMTEAAabTtICyQmR_sr9rMlO33LCobDJmWnmrZln0UeV89DOYro6Azku8MUnKjnM_aem_K5bFczeWJQfJo9Fu5LbEbw&lang=en

* Оригиналниот текст е објавен на Англиски јазик и можете да го прочитате на следниот линк: https://www.linkedin.com/pulse/one-coming-save-you-thats-fact-viktoria-jordanovska-dypcf/?trackingId=2sTfVz6ZQgiJMrldQDnKKA%3D%3D

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...