Како глобален лидер во иновативни технологии за транспортниот и индустрискиот сектор, ВАБТЕК МЗТ АД Скопје ги следи глобалните трендови кога станува збор за грижата за вработените и обезбедување на одлични услови за работа. Изминатиот месец, компанијата ги израдува своите вработени со линеарно покачување на платата за секој еден вработен од 6.000 денари. Освен зголемувањето, секој од вработените од сега има обезбеден бесплатен оброк во текот на работното време.
Новитетите се резултат на постојаната иницијатива на менаџментот за поттикнување на раст кај вработените, а истата дополнително го зајакнува имиџот на компанијата на глобалниот и локалниот пазар. Покачувањето на платите, освен што придонесува за успехот на Вабтек, има позитивен ефект и врз самата локална економија. Ваквиот однос кон вработените ја позиционира компанијата како еден од најпосакуваните работодавачи на домашниот пазар.
„ВАБТЕК МЗТ АД Скопје го препознава огромниот придонес на своите вешти и посветени вработени и во знак на благодарност за нивната напорна работа и посветеност, компанијата спроведува забележително зголемување на платите. Оваа иницијатива има за цел да ја подобри целокупната благосостојба на вработените, зајакнувајќи ја позицијата на Вабтек како посакуван работодавач во регионот.“ – изјави Игор Андоноски – Директор за човечки ресурси во Вабтек.
Иницијативата ја нагласува посветеноста на компанијата за создавање позитивна и поддржувачка работна средина, каде што вработените можат да напредуваат и лично и професионално. Вабтек останува компанија посветена на поттикнување иновации, позитивни искуства на работното место и создавање позитивна работна средина. Во моментов, има неколку отворени работни позиции, а доколку сте заинтересирани да станете дел од тимот на Вабтек, посетете ја веб страната на нашиот HR партнер Thrivity и погледнете ги огласите за отворените работни позиции
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.