Новите дигитални ѕвезди успешно се лансираа во А1!

од 24HR

Веќе втора година по ред А1 Македонија продолжува со практикантска програма A1 WayUp. Ова специјално креирана практикантска програма на младите таленти им нуди практична работа, учење и постојана менторска поддршка. Учесниците имаат можност да работат со врвни експерти од областа на анализа на податоци, вештачка интелигенција, развој на продукти, развој на ИТ решенија, оптички и 5G мрежи, да работат на реални проекти и  да користат најсовремени дигитални алатки за работа.

A1 WayUp е програма која е посебна на безброј начини. Еден од нив е практичното учење и стекнување на нови вештини, кое секако е дел од кариерниот пат на секој еден член на А1 тимот и кое без сомнеж придонесува кон непрекинат професионален развој настрана од формалното учење. Она што најмногу ја издвојува оваа практикантска програма е тоа што почнува и завршува со однапред внимателно испланиран менторски план, но и детален развоен едукативен план, со цел практикантите да бележат раст во своите знаења и вештини и да го градат својот кариерен пат во меѓународна компанија како што е А1.

Сите кои се дел од втората генерација на A1 WayUp ги добиваат сите постоечки бенефити и погодности како и секој еден вработен на А1, а со тоа компанијата ја внесува добропознатата корпоративна култура на флексибилност, агилност, тимска работа и неограничени можности за учење и развој.

“А1 Македонија е компанија која е целосно фокусирана кон развој на своите вработени, па со тоа нуди и можност за раст и учење преку формални, неформални обуки и преку разни менторски програми. Со програмата A1 WayUp ги отворивме вратите на младите таленти и им нудиме кариерен пат и усовршување на вештините на иднината”, истакна Стефан Јовановски, раководител на одделот за човечки ресурси.

Вкупно 15 учесници кои се на крај од своите студии или кои ги завршиле го започнаа своето лансирање помеѓу дигиталните ѕвезди во А1 и започнаа да го градат својот кариерен пат.

А1 Македонија на сите кои се дел од програмата A1 WayUp им посака топло добредојде, многу нови знаења, вештини и успешни проекти.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...