понеделник, јануари 19, 2026
Почетна НовостиОд денес сите огласи од СИНЦЕРИТАС ексклузивно на KARIERA.mk

Од денес сите огласи од СИНЦЕРИТАС ексклузивно на KARIERA.mk

by 24HR

Од денес, ексклузивно на KARIERA.mk можете да ги најдете сите активни огласи за вработување на „Синцеритас“.

„Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со највисоките домашни и европски стандарди во фармацевтската индустрија (ISO, GACP, GMP) со цел производство на сув цвет и на масло од канабис со висока чистота и различни концентрации на CBD и THC.

Нашиот тим се состои од талентирани луѓе кои имаат желба за напредок и постојано усовршување. Тоа значи дека бараме талентирани, одлучни луѓе кои се истакнуваат во своето поле на работење и би сакале да ни се придружат со полно работно време во нашето седиште во Скопје, или пак, во лабораториските и производствени капацитети во Росоман.

Доколку сте заинтересирани да се придружите на #TeamSinceritas можете да аплицирате за следниве работни позиции:

QP – КВАЛИФИКУВАНО ЛИЦЕ
QA – ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТ
ОПЕРАТОРИ ВО КУЛТИВАЦИЈА

Related Posts

Leave a Comment