петок, декември 26, 2025
Почетна НовостиОдлично предавање организирано од Центарот за менаџмент на човечки ресурси на Филозофски факултет и It Labs

Одлично предавање организирано од Центарот за менаџмент на човечки ресурси на Филозофски факултет и It Labs

by 24HR

Сите кои што поминале низ интервју за работа имаа некаква претстава за целиот процес, но дали истото се гледа од другата страна? Дали е исто за апликант и за регрутер? Како изгледа целиот процес за регрутери?

Одговорите на овие прашања и на многу други прашања ги слушнаа и ги разбраа оние кој ја искористија можноста да бидат присутни на сесијата насловена ‘Како до успешен процес на регрутација?’ која ја водеше Елена Милеска Дворчанец, регрутер во ИТ Лабс.


  Сесијата се одржа на 07.12.2022,во просториите на Филозофскиот Факултет – Скопје.
Присутните исто така имаа можност да слушнат за процесот на регрутација,перспективата на интервјуата за работа,зошто интервјуата се важни и какви информации добиваат регрутерите од нив?

Студентите од блиску се запознаа со процесот на регрутација во IT Labs, кои се предизвиците со кој се соочува еден регрутер и како подобро да се представат на следното интервју и да ја добијата работата која ја посакуваат.

Related Posts

Leave a Comment