На 6ти јуни во 18 часот, за прв пат на нашиве простори ќе се одржи едукативна онлајн работилница наменета за сите идни и сегашни татковци и мајки.
Како може партнерот вистински да те поддржи од почетокот на самата бременост, па сѐ до крајот на првата година од раѓањето на детето? На кои начин можат мажите да бидат вклучени во овие прекрасни, хаотични и исцрпувачки моменти?
Ова се само дел од темите што ќе бидат опфатени и за кои веруваме дека целосно ќе му ја променат перцепцијата на таткото за начинот како треба да се грижи за својата партнерка како нова мајка, како да ѝ биде најголемата поддршка, особено кога е најранлива.
Овие интерактивни предавања ќе ги држи Ивица Павлов, дипломиран лиценциран психолог и когнитивно-бихејвиорален советник за родители во соработка со платформата за родители workingmom.mk.
Настанот ќе се одржи онлајн со цел темата да допре до што поголема публика и да помогне во намалување на тензиите и фрустрациите во многу бракови.
Бидете дел од една поинаква онлајн работилница! Ова е линкот за пријавување и уплата
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.